• Latest

Репортери без граници: Северна Македонија на 90 место, напредок од две места во слобода на медиумите

April 20, 2021
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Репортери без граници: Северна Македонија на 90 место, напредок од две места во слобода на медиумите

April 20, 2021 09:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Последниот Индекс на слобода на медимумите на Репортери без граници ја рангира Северна Македонија на 90 место, односно со напредок од две места од минатата година.

„2020 година беше извонредна година за Северна Македонија. Парламентот беше распуштен, привремената влада ја презеде власта, а потоа предвремените парламентарни избори мораа да бидат одложени поради пандемијата со Ковид-19 и  вонредната состојба. Ситуацијата на медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да се закануваат и да ги навредуваат медиумите, додека сајбер малтретирањето и вербалните напади врз новинарите се зголемија на социјалните мрежи. Сето ова послужи за зајакнување на добро вкоренетата култура на неказнивост. Во исто време, пандемијата го комплицираше известувањето. Организациите кои ги застапуваат медиумите остро се спротивставија на различните предложени измени и дополнувања на Законот за медиуми кои ќе овозможат државно рекламирање во медиумите. Тие се спротивставија на ова со образложение дека тоа може да го поттикне клиентелизмот. Министерството за правда подготвува нов Кривичен законик според кој новинарите и медиумските работници би биле побезбедни“, се вели во образложението на Репортери без граници за Северна Македонија.

„Индексот годинава, кој ја проценува состојбата со слободата на медиуми во 180 земји, покажува дека новинарството како несомнено најдобрата вакцина против вирусот на дезинформации, е тотално блокирано или сериозно попречено во 73 земји и ограничено во 59 други, кои заедно претставуваат 73% од оценетите земји. Овие земји се класифицирани како „многу лоши“, „лоши“ или „проблематични“ средини за слобода на медиумите и соодветно се идентификуваат во црна, црвена или портокалова боја на мапата на Светската мапа на слободата на медиумите.

Податоците за Индексот покажуваат драматично влошување на пристапот на луѓето до информации и зголемување на пречките за покривање на вести. Пандемијата на коронавирус се користи како основа за блокирање на пристапот на новинарите до изворите на информации и известувањето на терен. Дали овој пристап ќе се врати кога ќе заврши пандемијата? Податоците покажуваат дека на новинарите им е сè потешко да истражуваат и да известуваат за чувствителни приказни, особено во Азија, Средниот исток и Европа“, се вели во Извештајот на Репортери без граници.

Северна Македонија во минатогодишниот извештај имаше скок од три места, а пред две години подобрување од дури 14 места на Индексот. Најлош пласман според Репортери без граници државава имаше во 2014 година (123 место), додека во 2009 година беше на високото 32-ро место во светот, што е највисок пласман според овој извештај.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ