• Latest
арх. Даница Павловска Циги

Заробен простор

April 20, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Заробен простор

April 20, 2021 11:46
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
арх. Даница Павловска Циги

арх. Даница Павловска Циги

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: архитект ДАНИЦА ПАВЛОВСКА-ЦИГИ

Во ова време на посакувани ориентации кон профит на мали групи поединци и запоставување на јавните интереси, јавните добра, животната средина, здравјето, мора да зборуваме, пишуваме, да дигнеме бунтовен ‘глас’, но и да се обидеме да фрлиме објективен поглед на некои важни аспекти на ситуацијата, што самите си ја произведовме. Го живееме тешкиот момент за градот и државата кој е последица на нашата неспособност, неодговорност, некултивираност, злоупотреба, несоодветно делување… Факт е дека до можната и посакуваната промена на општествените односи, формации и системи, во чии вредности, некаде длабоко, сè уште веруваме, НЕ ДОЈДЕ.

Темата “паркиралиште на Холидеј Ин“ мора да се започне со вовед дека урбанизмот и како наука и како практикум, е навредливо маргинализиран подолг период и дека последиците од толку неодговорен и примитивен однос кон планирање на просторот, ги чувствуваме. Значаен момент во овој провокативен период е донесувањето и стапувањето на сила на новиот Закон за урбанистичко планирање кој предвидува нови пристапи, нови алатки, висока стручност во примената. Во новиот Закон се препознаваат доследност кон елементарните принципи во процесите на планирањето како на пример во ставот 5 од членот 35: „Детален урбанистички план или дел од детален урбанистички план што не е усогласен односно е во спротивност со одредбите од генералниот урбанистички план, не може да се применува.“

Токму таков план за паркиралиштето и останатите делови од Ново маало именуван со Ц08, е план без легитимитет, нереален, неквалитетен, а се спроведува. Законот предвидува суспензија на планот сѐ додека не се донесе негова измена или нов план и сѐ додека тоа не се направи, се постапува незаконски и треба да се одговара за тоа. Општина Центар  со своите стручни служби направи анализа, увид во состојбите, елаборат со аргументи, но не остана посветено и конзистентно на спроведување на својата започната урбана политика, па покажа слаб капацитет да се справи со проблемите.

Јасно е дека ова не е само едно парче асфалт што влезе во јавниот фокус туку е сензитивна локација од висок градски и државен интерес и заради тоа не смее да се дозволи лежерно однесување кон нејзино осмислување. Во таа смисла провокативно беше изнесена иницијативата за референдум акцентирајќи ја важноста на гласот на граѓанинот, а во функција на преиспитување на „важечкото“ урбанистичко решение. Се ангажираа многу субјекти, организации, институции, авторитети… (касно) освестени за опасноста по системот на планирање на просторот. Социјалните мрежи и медиумите ја експлоатираа темата, се разви по некоја дебата, правна расправа, се изнесоа кратки ставови на некои од одговорните, но се организира и инвеститорот со презентација на архитектонски проект. Проектот е работен според нелегитимен детален урбанистички план за премногу сензитивна локација, локација од државно значење, локација за која е потребна поширока дебата и визија добиена преку конкурс. Тоа е како замена на тези: да зборуваме за архитектура, а не за просторот односно неговото значење, параметри, можности, рефлексии…

За волја на вистината постојат и издржани анализи, компаративни податоци за проблематизираниот ДУП со оние од важечкиот ГУП, постојат и спонтани предлози/барања на граѓани, навредени/заборавени жители на Ново маало, постојат многу нови моменти во живеењето на општината и градот што треба да се акцептираат. За жал продолжено е неказнувањето, легализацијата и други штетни наследени процеси, така што во актуелната сложена ситуација мора да се покренат сите ресурси, критичка мисла, повеќе знаење, нови принципи, нови алатки, отвореност, чесност, соработка, транспарентност, и тоа реформски.

Потребно е да ги дефинираме чекорите кон заедничката цел во оваа урбанистичка деликатност:

  • Суспензија на ДУП Ново Маало Ц08 со итна достава на елаборатот и Одлуката на Совет на Општина Центар за изготвување на нов урбанистички план до Министерство за транспорт и врски;
  • Програма за нов ДУП Ново Маало Ц08 со широка јавна расправа и обврзувачка разработка на планот со архитектонско урбанистички проект;
  • Акционен план за периодот на суспензијата (со дефинирани одговорни субјекти, ресурси, период – 12 месеци и др.) :
  • Изготвување на студија (општината/градот) за дополнувања на програмата (во изготвување) на новиот ГУП на Град Скопје
  • Распишување и спроведување на (меѓународен) урбанистички конкурс
  • Разработка и вградување на победничкото решение во документацијата за просторот (архитектонско урбанистички проект)
  • Изготвување и донесување на нов ДУП за Ново маало
  • Покренување на истражни дејства за утврдување одговорност во процесот на изготвување и спроведување на несоодветниот ДУП Ново Маало од 2012 год како и ревидирање на имотно-правната постапка водена според него.

Текстот е личен став на Авторката

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ