• Latest

Норвешкиот аташе го демантира пратеникот Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ за наводната нестручност на македонскиот хируршки тим во Кабул

April 23, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Норвешкиот аташе го демантира пратеникот Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ за наводната нестручност на македонскиот хируршки тим во Кабул

April 23, 2021 19:05
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Норвешкиот одбранбен аташе, потполковникот Егил Далтвејт ги демантира информациите изнесени пред два дена од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во Собранието, дека норвешки воени експерти оцениле дека македонскиот главен хирург, предводник на македонскиот тим, не знае да изврши основни хируршки операции.

– Пред два дена, пратеникот Бојан Стојаноски во Собранието тврдеше дека има информации за содржината на норвешкиот воен извештај. Тој тврди дека во овој извештај норвешките воени експерти оцениле дека македонскиот хируршки тим не може сам да ги извршува своите должности. Тој исто така тврди дека македонскиот главен хирург не знае да изврши основни хируршки операции. Има многу проблеми во неговата изјава. Прво, нема таков извештај, и ако го имаше, можам да ве уверам дека чувствителните воени извештаи во норвешката армија не се достапни на други, освен на оние кои треба да ги знаат, вели во соопштението норвешкиот одбранбен аташе, потполковникот Егил Далтвејт.

Тој прашува дали Стојаноски самиот ги смислил овие информации или ги прифатил некритички од некој друг што ги кажал?

Второ, нагласува норвешкиот потполковник, обвинувањата против членовите на македонскиот хируршки тим не се точни.

– Ако обвинувањата беа точни, вашиот тим немаше да биде на должност во Кабул одговорен за спасување на животите на сојузничките и норвешките војници кога е потребно. Трето, изнесувањето обвиненија против некој што е во воена зона, кој и служи на својата земја и на нашата Алијанса од безбедна и привилегирана позиција, како пратеник во македонскиот Парламент, според мене како офицер и одбранбено аташе, е тотално неприфатливо, подвлекува потполковникот Далтвејт.

Тој информира дека му пишал на Стојаноски и бил во контакт со раководството на неговата партија.

– Заедно со раководството на партијата го замоливме јавно да се извини. За жал, јавно извинување немаше. Тој само ми испрати мејл во кој ги обвини медиумите за она што го кажал, како тој самиот да не е одговорен за своите зборови. И тој само ми се извини што ги повредил моите чувства. Тој не им се извини јавно на членовите на службата што ги навреди, ниту на Норвешка и на норвешката војска. Затоа, ја давам оваа изјава за да ги изнесам фактите во јавноста, истакнува норвешкиот потполковник.

Тој објаснува дека на Република Северна Македонија, како членка на НАТО, и се дадени обврски да обезбеди различни можности на Алијансата. За ова било дискутирано од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот на состанок со претседателот Пендаровски на 11 септември 2020 година.

– Една од потребите е и теренски хируршки тим и беше разгледано како да се развие според високите стандарди на НАТО. Подоцна, истиот ден, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и генералот Васко Ѓурчиновски заедно официјално ме прашаа дали Кралството Норвешка е подготвено да обучи македонски хируршки тим и да го интегрира во теренската болница предводена од Норвешка во Кабул, како дел од операцијата „Одлучна поддршка“, Мисија на НАТО Авганистан. Норвешка го прифати ова, а тимот дојде во Норвешка на обука на 15 јануари и беше распореден во Авганистан во март, објаснува потполковник Далтвејт.

Тој додава дека е нормално хируршкиот тим на вооружените сили на Северна Македонија, да не биде 100 отсто подготвен на почетокот на обуката. – Не беше ниту тимот на Норвешка, вели Далтвејт.

– Обуката беше спроведена од Норвешката здружена воена медицинска служба, а методологијата и квалитетот на обуката се такви што многу од поголемите земји на НАТО, како што се САД, испраќаат свои тимови во Норвешка да учествуваат во ваков вид обука. Накратко, тие се обучуваат од некои од водечките експерти за трауматска хирургија во светот. И во норвешкиот хируршки тим, со кој ќе бидат  распоредени, се медицински професионалци од светска класа. Ние ги предизвикавме вашите мажи и жени исто толку тешко за време на обуката, како и нашите мажи и жени. И, ние му ги дадовме на вашиот тим истите привилегии кои ги имаат нашите, вклучувајќи и вакцинација против Ковид-19, вели Далтвејт.

Тој посочува дека во февруари на некои македонски веб-страници биле објавувани лажни обвинувања против македонскиот хируршки тим, обучуван во Норвешка и оти во тоа време тој ги демантирал лажните тврдења.

– По обуката, не беа изразени официјални поплаки или извештаи од норвешка страна против кој било поединец од македонскиот тим или против тимот како таков. За време на обуката, се разбира, беа идентификувани бројни области за подобрување и за тимовите и за сите поединци. Видовме дека членовите на вашиот тим многу сериозно ги сфатија повратните информации и работеа напорно за да го постигнат стандардот од светска класа на кој инсистираат обучувачите, се вели во соопштението на норвешкиот одбранбен аташе потполковникот Егил Далтвејт. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ