• Latest
Фото: Министерство за финансии

Министерство за финансии и УНДП потпишаа Меморандум за унапредување на фискалната децентрализација

April 26, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерство за финансии и УНДП потпишаа Меморандум за унапредување на фискалната децентрализација

April 26, 2021 12:04
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: Министерство за финансии

Фото: Министерство за финансии

Share on FacebookShare on Twitter

Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) ќе ги поддржи планираните реформи во насока на унапредување на фискалната децентрализација во земјава и зајакнување на капацитетите на локалните власти, како и градењето на подобар систем на јавни финансии, воопшто. Денеска помеѓу Министерството за финансии, претставувано од министерот за финансии Фатмир Бесими и постојаната претставничка на УНДП во земјава Нарин Сахакјан беше потпишан Меморандум за разбирање, кој предвидува соработка во повеќе области.

Предвидена е поддршка во реформите на јавните финансии и фискалната децентрализација, зајакнување на фискалната автономија и капацитетите за прибирање на приходи на локалната самоуправа, размена на најдобрите практики за фискална децентрализација, спроведување на активности од Акцискиот план за сузбивање на сивата економија и поддршка на развојот и либерализацијата на финансискиот пазар.

„Спроведувањето на реформи за креирање на подобар систем на јавните финансии и фискалната децентрализација се меѓу врвните приоритети на Министерството за финансии. Поддршката од нашите меѓународни партнери преку размена на искуства и стручна поддршка при дизјанирање и спроведување на реформите е од непроценливо значење за процесот и за нас. Со Меморандумот кој го потпишавме денеска се уредува соработката на Министерството за финансии со УНДП, која опфаќа навистина амбициозен план на активности, меѓу кои формирањето на фондовите за изедначување и за успешност кои ќе го подобрат пристапот до финасии на општините. Исто така, предвидени се активности за сузбивање на сивата економија, како креирање на дигитална платформа, како и активности за зајакнување на капацитетите за спроведување на новиот Закон за буџети, особено во делот на Фискалниот совет“, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими.

Постојаната претставничка на УНДП Сахакјан посочи дека УНДП ќе го поддржи процесот на унапредување на фискалната децентрализација преку советодавна помош и пилот механизми за финансирање на јавни услуги на локално ниво.

„Денес ја реафирмиравме нашата заедничка заложба со Министерството за финансии да го забрзаме напредокот кон Целите за одржлив развој преку спроведување на ресонзивни и инклузивни политики, зголемување на отчетноста на јавните институции и забрзување на реформите во управувањето со јавните финансии и фискалната децентрализација. Зголемувањето на моќта на заедниците преку фискалното јакнење на локалните власти и целиот поднационален систем на владино финансирање се интегрални делови од политиките и стратегиите кои се потребни за достигнување на Целите за одржлив развој. Затоа, УНДП ќе го поддржи развојот на законската рамка за фискална децентрализација преку советодавна помош и пилотирање на механизми за финансирање на јавни услуги на локално ниво“, рече Сахакјан.

Планот за соработка на Министерството за финансии со УНДП се состои од 13 активности од кои најголем дел се посветени на заложбата за унапредување на фискалната децентрализација. Меѓу активностите, се и формирањето на Фонд за изедначување и Фонд за успешност за општините кои ќе го подобрат пристапот до финансии за општините кои се залагаат за јакнење на капацитетите за наплата на локални давачки. Предвидено е утврдување на индикатори за следење на фискалната децентрализација, зголемување на ефикасноста при наплата на локалните даноци, подобрување на ефективноста и профитабилноста на јавните претпријатија во општините, како и зголемување на транспарентноста и отченоста на општините.

Исто така, предвидени се и активности во однос на утврдување на вредноста на меѓународни трансфери на правните лица за даночни цели (трансферни цени), електронска размена на информации за даночни цели, активности за сузбивање на сива економија, зголемување на капацитетите на Министерството за финансии за спроведување на новиот Закон за буџети по неговото донесување и воспоставуање на оддел „Вредност за парите“ кој ќе го мери импактот на инвестициите врз економијата и нејзиниот развој.

Од двете страни беше посочено дека градењето на подобар систем на јавни финансии, преку спроведување на реформи во повеќе области, ќе придонесе до забрзан економски развој, што пак ќе придонесе за креирање на подобри услови за живот и раст на стандардот на граѓаните.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ