Судија во Москва ја потврди пресудата за клевета денеска против затворениот критичар на Кремлин, Алексеј Навални, кој се приклучи на судското рочиште преку видео линк, во своето прво појавување пред јавноста откако штрајкуваше со глад.
Видно ослабениот Навални ја искористи платформата за да започне удар против претседателот Владимир Путин и неговата влада, споредувајќи го со глупавиот „гол крал“ од детската приказна „Новата облека на царот“ и ги нарече судијата и обвинителите „предавници“.
Тој разговараше со неговата сопруга Јулија Навални, која беше физички присутна на суд, кажувајќи детали за неговата тежина и што последен пат јадел.
Тој рече дека бил однесен во бања за да може да изгледа „пристојно“ за рочиштето.
„Се погледнав себеси. Јас сум само ужасен скелет. Последен пат кога имав 72 килограми, веројатно бев во седмо одделение“, рече тој. Неговиот адвокат рече дека Навални имал 94 килограми во јануари, кога од Германија се вратил во Москва.
Навални додаде дека јадел „четири лажици овесна каша на ден, денес пет, утре ќе јадам шест“, известуваат од Си-Ен-Ен.