• Latest
Photo by Matt Chesin on Unsplash

Светски ден на слободата на медиумите: Информацијата е јавно добро!

May 3, 2021
Фото: Дехран Муратов, ЦИВИЛ

Протест „Ниту една повеќе“: Институциите молчат – жените гинат

September 18, 2025

Неделковски ја брани власта со навреди и сексизам: „СДСКомуњарска, победете на избори па сменете ги Панче и Христијан – дотогаш, попуши ми изнад колена“

September 18, 2025

Проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“ на власта и наративите во пресрет на локалните избори (1 дел)

September 18, 2025

Две години затвор за Лидија Димова, ќе треба да врати 22,7 милиони денари на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

September 18, 2025

24 ЧАСА: ДИК, ДКСК и ДЗР со Меморандум за изборите; Ексклузивно со проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“; Пратеничките против насилство врз жени; Србија и Русија преговараат за нуклеарка

September 18, 2025

Рекорден број реакции на прашањето на ЦИВИЛ за воениот рок

September 18, 2025

Мицкоски: Нашиот пат кон ЕУ е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди

September 18, 2025
Фото: МИА Архива

Жените – пратенички од Клубот на пратенички во Собранието упатија реакција за навремена и ефикасна реакција на институциите во случаите на насилство врз жените

September 18, 2025
Israel arrests people in West bank
Source: Al Jazeera

Масовни апсења на Израел во окупираниот Западен Брег

September 18, 2025
Protests in Paris, France- September 18
Source: Times Now screenshot

Во тек е најголемиот штрајк во Франција во последните години е во тек поради политичката криза

September 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Светски ден на слободата на медиумите: Информацијата е јавно добро!

May 3, 2021 10:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Photo by Matt Chesin on Unsplash

Photo by Matt Chesin on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е светски ден на слободата на медиумите. ЦИВИЛ го започна денот со кратка честитка на ФБ и твитер, како и со текстот на Џабир Дерала на веб страницата на Фондацијата Хајнрих Бел на англиски јазик.

Светскиот ден на слободата на медиумите (World Press Freedom Day) е прогласен од Генералното собрание на ОН во 1993 година по препораката усвоена на 26-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во 1991 година. На тоа ѝ претходеше Декларацијата од Виндхук што ја подготивија група африкански новинари со апел за плурализам и независност на медиумите. Одбележувањето на овој датум има цел да ги потсетува владите на потребата од почитување и посветеност на слободата на медумите, но исто така и да ги поттикне новинарите на размислување за прашања за слободата на печатот и професионалната етика.

Светскиот ден на слободата на печатот е и ден на поддршка на медиумите кои се изложени на обиди за нивно укинување или ограничување на нивната слободата на изразување, но и ден на сеќавање на новинарите кои ги загубија животите во текот на својата работа. Оваа година, темата на Светскиот ден на слободата на медиумите е „Информацијата како јавно добро“.

Според последниот извештај на Репортери без граници, Северна Македонија напредуваше за две места на Светската листа на слобода медиумите во 2020 година и со 31,67 поени се најде на 90-то место.

Во делот за нашата земја се наведува дека: „2020 година беше вонредна година за Република Северна Македонија. Парламентот се распушти, привремената влада ја презеде власта, а потоа мораше да се одложат предвремените парламентарни избори заради пандемијата Ковид-19 и соодветно прогласената вонредна состојба. Ситуацијата со медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да се закануваат и да ги навредуваат медиумите, а се зголеми и сајбер малтретирањето и вербалните напади врз новинарите на социјалните мрежи.“

Во текот на изминатите 12 години, ЦИВИЛ работеше на креирање медиумска платформа која е слободна, независна и отворена. Организацијата се реши на овој потфат во услови на медиумски мрак, кога режимот ги претвораше новинар(к)ите во држачи за микрофони, а медиумите во своја пропагандистичка и националистичка огласна табла. Медиумските работници и активистите за човекови права, како и нивните семејства и блиски, беа под закани, уцени и притисоци, беа тепани, прогонувани и затворани. Сѐ уште не се разјаснети низа напади, како и смртни случаи за време на авторитарниот режим 2006-2016.

„Постигнувањата по падот на режимот во сферата на јакнењето на медиумските слободи се евидентни, но придружени се со низа слабости и предизвици. Слабостите и предизвиците се последица и од трендови со поширок регионален и глобален карактер, но не мал дел од нив се и од субјективна природа“ – е став на ЦИВИЛ од минатата година, кој се нагласува и оваа година.

„На глобално ниво, пандемијата на коронавирусот предизвика тектонски поместувања во сферата на слободата на изразувањето и информирањето. Мерките за справување со пандемијата низ целиот свет ги ставија во опасност човековите права и слободи, особено во делови во светот каде што тие веќе претставуваа сериозен предизвик“ – велат од ЦИВИЛ.

Паралелно со пандемијата, со уште поголема брзина се рашири и инфодемијата. Во изминатиот период, врз основа на долгорочниот мониторинг, ЦИВИЛ повеќе пати констатира и ја алармира јавноста дека инфодемијата не ја одмина ни Северна Македонија. Притоа, лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата се оружје во пропагандата на одделни политички партии и центри на политичкото и криминалното подземје, чија цел е поткопување на довербата на граѓан(к)ите во здравствениот систем и во институциите воопшто. Медиумите играат голема улога во дистрибуцијата на овие хибридни закани против демократијата.

„Потпалувачкиот говор на социјалните мрежи многу често произлегува токму од медиумската продукција на одредени политички, бизнис и криминални структури во земјава“ – се констатира во извештаите и анализите на ЦИВИЛ – „Отсуството на соодветна реакција на релевантните институции ги охрабрува овие центри само да го засилат своето деструктивно дејствување. Тоа го загрозува јавниот интерес, а посебно ги става во опасност професионалните медиумски работници.“

Во Северна Македонија стана норма  проруските политичари да напаѓаат активисти, бранители на човекови права и новинари сонедолично однесување на Интернет, малтретирање и закани по нашите животи. Мојот случај, како претседател на организацијата за човекови права ЦИВИЛ, не е исклучок, но сигурно е еден од најилустративните, се вели во најавата на текстот на Џабир Дерала за Хајрних Бел.

„ЦИВИЛ како организација и нејзиниот персонал се честа мета на ваквите закани. Неодамна добивме телефонски повик за смртна закана до канцелариите на ЦИВИЛ, со видлива телефонски број на повикувачот.  Моите колеги се нарекуваат предавници, платеници, шпиони, џабиристи (што и да значи тоа). Луѓето повикуваат на егзекуција, јавно согорување, затвор, јавно судење и строга казна за членовите на нашата организација“ – пишува Дерала во споменатиот текст.

ЦИВИЛ секојдневно објавува извештаи и прилози за различни аспекти на човековите права и слободи, со посебен акцент на слободата на говорот и медиумските слободи, како и борбата против дезинформациите и говорот на омразата.

ЦИВИЛ останува отворен за соработка со сите релевантни медиумски организации и со медиумите, со цел да се зајакне слободата на изразувањето и информирањето, кои се фундаментално човеково право, гарантирано со Уставот, законите и со меѓународното право.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    241 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    228 shares
    Share 91 Tweet 57
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ