• Latest
Агрон Биба

Смртта на англиската (глобалната) Кралица и преродбата на англискиот (глобалниот) фудбал

May 4, 2021
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Смртта на англиската (глобалната) Кралица и преродбата на англискиот (глобалниот) фудбал

May 4, 2021 09:36
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Агрон Биба

Агрон Биба

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АГРОН БИБА

Ви зборував накратко во минатата колумна за очекуваните глобални реперкусии кои ќе настанат во сиот свет, на глобално и локално ниво после смртта на Англиската (Светската) Кралица Елизабета 2 и после очекуваната Револуција во Англискиот (Светскиот) Фудбал. Сега да напишам за предвидените сценарија.

За Кралицата

Кодираното име на Операцијата Лондон Бриџ ис Даун, примарно се однесува на случувањата кои ќе следат во Обединетото Кралство, но истотака и Комонвелтот каде што Елизабета 2 ја игра улогата на владеачкиот монарх има свои планови на протокол, кои ќе бидат предизвикани од политичкото цунами, кое ќе започне од големиот геополитички земјотрес, со епицентар на рушењето на Лондонскиот Мост или смртта на Кралицата Елизабета 2.

Првиот што ќе ја објави веста ќе биде Приватниот Секретар на кралицата, и не некој од нејзините блиски, од семејството, или некој од медицинскиот екипаж.

Првиот чекор на приватниот секретар ќе биде да го контактира британскиот премиер, кому ќе пренесе дека Лондон Бриџ ис Даун, користејќи сигурносни телефонски линии. Канцеларијата за Центар на Глобални Реакции на Министерството за Надворешни и Комонвелт активности која се наоѓа во тајна локација некаде во Лондон, ќе биде известена од британскиот премиер и  неговиот персонел, кои ќе ја продолжат веста на петнаесетте влади во кои британската кралица е се уште владејачки монарх, (Хед оф Стате), владејачка глава. Истотака, веднаш потоа ќе бидат известени и останатите Комонвелт држави,  респективно нивните влади.

Објавата на веста ќе продолжи со известување на медиумите… поточно со известување на ББЦ и ПА Медиа( поранешна Прес Асоцијација) кои се национални установии кои ја покриваат медијалната терестријална територија на Обединетото Кралство и Северна Ирска, на кои ќе им се пренесе РАТС системот на објава…т.е….на сите презентери на радио брановите ќе им се сугерира да објавуваат ненавредливи музички содржини и да бидат спремни за брејкинг нјуз објава. ББЦ втора програма, веднаш ќе ја суспендира својата постоечка програма и ќе се приклучи на ББЦ прва програма, на која ќе се објавуваат вестите кои ќе имаат единствена врска со смртта на Кралицата Елизабета Втора. ББЦ Њјуз, ќе почне со емитување на веќе снимени и подготвени материјали, додека ИТН (ај ти ен) и Скај Нјуз имаат подготвено покривање на настанот за цели 11 денови, кои се добро истренирани и извежбани со кодното име Мисис Робинсон.

Војник од Краличината гарда, ќе залепи/закачи писмена објава на портите на Бакингемската  Палата, којашто објава ќе биде  во црна рамка. Парламентот на Обединетото Кралство ќе биде свикано веднаш. По можност, ќе започне со работа после неколку часови од неговото свикување, и Британскиот Премиер ќе има обраќање до него. Сите локални згради во кои се сместени локалните и државните институции ќе веат знамиња на пола копје, и книги на сочувство можат да бидат експонирани.

Еден ден после смртта на Кралицата, Советот за Сукцесија / Наследник ќе заседава во Сеинт Џејмс’з Палас.

Во зависност од тоа каде ќе настане смртта на кралицата, постојат различни аранжмани за движењето на посмртниот сандак.

Пример, ако Кралицата почине во Уиндзор Касл или Сандрингхам Хаус, ќе биде пренесен во Бакингем Палас после два дена.

Ако по некој случај Кралицата почине надвор од Британија, ќе биде донесена со Ројал Еир Форс Нортхолт Намбер 32, Д’ Ројал Скуадрон, Специјалната Авио кралска Служба и потоа ќе биде пренесена со возење до Бакингхам Палас.

Ако по некој случај, Кралицата почине во Шкотска (пример во Холируд Палас или Балморал Касл), посмртните остатоци би лежеле првично во Холируд Палас, следствено со служба на прием во Сеинт Џајлс Катхидрал во Единбург.

Потоа, следува транспорт на сандакот во Вејверли Стеишн и потоа пренесен со Ројал Треин до Лондон.

Во сите случаји, сандакот ќе биде пренесен во Трон Рум(Престолна Соба) во Бакингхам Палас. Четири дена после смртта на кралицата, ќе биде пренесена во Уестминстер Хол, каде ќе биде изложен за следните четири денови.

Државничкиот погреб ќе се оддржи во Уестминстер Еби, девет денови после Краличината смрт, после кое, нејзиното тело ќе биде погребано во Сеинт Џорџес Чапл, во Уиндзор Касл.

Потоа, сигурно ќе следат реверберации низ целиот свет, како референдуми за Република Канада и Република Австралија, Референдуми во Шкотска, Велс …..и други од Брегзит предизвикани случувања……останува да се види, но не е на одмет да се претпоставува, затоа што ќе бидеме афектирани сите, вклучувајки ја и фунтата како монета.

 

За Фудбалот

 

Поради неуспешниот обид да се формира Супер Европска Лига, почнаа масовни протести на најпопуларниот светски спорт, фудбалот. Навивачите се пожестоко и понасилно протестираат, и навидум наликува на Марксистичка Октомвриска Фудбалска Револуција…..истотака, останува да се види како сето ова ќе се одвива, кога обичниот фудбалски навивач, конечно го крена гласот против супербогатите и тотално незаинтересирани освен за профит антифудбалски и антиспортски американски, руски, кинески и арапски сопственици… сите со сомнителни богатства кои ги кријат своите сомнителни богатства позади сопствеништвата во фудбалските клубови во Англиската Премиер Лига, и не само таму.

Сите овие случувања формираат перфектна социјална бура, или вистински молотов коктел.

Останува да видиме, но не е на одмет да предвидуваме.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ