• Latest
Една од кампањите во САД за поттикнување на вакцинирањето против Ковид-19 (скриншот од ourshot2savelives.org)

Кампањи за заштита на јавниот интерес и на здравјето, а не рекламирање на владата

May 8, 2021
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кампањи за заштита на јавниот интерес и на здравјето, а не рекламирање на владата

May 8, 2021 16:32
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Една од кампањите во САД за поттикнување на вакцинирањето против Ковид-19 (скриншот од ourshot2savelives.org)

Една од кампањите во САД за поттикнување на вакцинирањето против Ковид-19 (скриншот од ourshot2savelives.org)

Share on FacebookShare on Twitter

Во период на глобална здравствена криза предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 и во состојба во која голем дел од граѓаните се противат на вакцинацијата, правилно изготвени и реализирани владини кампањи за подигнувањето на свеста и заштита на здравјето на граѓаните можат да бидат клучни за попрецизно информирање и брзо враќање во нормала. Повеќето влади на најразвиените држави во светот се одлучија со јавни кампањи да помогнат во борбата против КОВИД-19 и да овозможат објективно информирање на граѓаните, ослободено од политички контекст.

Во Северна Македонија, Членот 102 од Законот за медиумски услуги ги забранува владините кампањи. Поради тоа во земјава недостасува вистинска координирана и издржана кампања со која што би се промовирале позитивните ефекти на вакцинацијата и заштитата на здравјето на граѓаните. Во мометов, граѓаните на Северна Македонија се оставени на добрата волја на приватните медиуми за објективно информирање за предностите на вакцинацијата и самата борба со глобалната пандемија.

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ОТКРИ СЛАБОСИТЕ НА ЦЕЛОСНАТА ЗАБРАНА ЗА КАМПАЊИ ФИНАНСИРАНИ ОД ЈАВНИ ПАРИ

Измените на Законот за медиумски услуги, односно забраната за кампањи финансирани од буџетот на државата дојде по долгогодишните злоупотреби на владиното рекламирање. Владата на Никола Груевски ги користеше јавните пари на граѓаните за политички маркетинг и со милиони евра ја купуваше верноста и наклонетоста на медиумите.

Сепак, здравствената криза и потребата од заштитата на јавниот интерес, во годините по забраната, покажаа дека потребни се измени на Членот 102, односно јасно дефинирање на исклучоци, кои би овозможиле владини кампањи за јавен интерес, истовремено, се уште забранувајќи користење на јавни пари за политички маркетинг и промовирање на Владата.

Владата на Република Северна Македонија веќе распиша повик за подготовка на две кампањи – едната за вакцинацијата, а втората за борбата против корупцијата. Од таму објаснуваат дека кампањата за вакцинација е потребна за да се избегне ризикот да не се постигне потребната бројка од 70 проценти вакцинирано население, колку што е потребно за спречување на пандемијата.

„Неопходна е кампања која што нема врска со владино или политичко рекламирање и промоција на владини активности, туку целосно, објективно, едукативно и стручно ќе ги извести граѓаните за предностите на вакцините и придобивките од масовната имунизација“ велат од Владата по објавата на повик за изработка на кампања за вакцинацијата.

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец објасни дека доколку дојде до промена на членот 102 и се дозволат јавни кампањи за јавен интерес, Владата нема да се остави сама да проценува која тема е важна за да заслужи јавна капмпања, туку дека се планира воспоставување на тело кое ќе служи како контролен и заштитен механизам.

„Тоа ќе биде независно тело составено од непартиски, невладини, стручни и кредибилни лица од медиумската и новинарската фела и од граѓанскиот сектор, кои прават проценка и ќе даваат мислење по однос на секој предлог за реализација на кампања од страна на централните или локалните институции. Мислењето на независното тело ќе мора да биде земено предвид  од страна на Владата“ изјави Забрчанец.

КАМПАЊИТЕ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС СЕ ВАЖНА АЛАТКА ВО ДЕМОКРАТСКИТЕ ЗЕМЈИ

Јавни кампањи за заштита на јавниот интерес не се новина во светот, туку тие се практика во најразвиените демократски држави. Во минатата година доминираа кампањите за заштита од пандемијата на КОВИД-19 и потребните чекори за заштита на здравјето на населението.

Во 2020 година, британската Влада беше еден од најголемите огласувачи во земјата со потрошени речиси 164 милиони фунти. Со јавните кампањи, тие ја информираа јавноста за ризиците и опасностите од КОВИД-19, даваа примери за заштита и ги едуцираа граѓаните за предностите на вакцинацијата.

Според медиумските експерти, ваквите јавни кампањи во Обединетото Кралство ќе продолжат и во оваа, 2021 година, со цел побрза и поефикасна масовна имунизација, како и заштита на јавното здравје и медицинските работници.

Германија уште во март минатата година, на самиот почеток на пандемијата на КОВИД-19, одобри специјален буџет од 3.5 милијарди евра за директна заштита на граѓаните, кој предвидуваше значителен дел за јавни кампањи.

Меѓутоа, не се само здравствените теми поле на интерес на јавните кампањи во останатите развиени демократски земји. Освен кампањите за превенција и заштита од КОВИД-19, Франција со во изминатите години финансираше и јавна медиумска кампања против сексуалното насилство, недоличните коментари и дофрлања во јавниот транспорт.

Ирска редовно финансира јавни кампањи за заштита на граѓаните на работните места, додека пак во Канада актуелни се кампањи за информирање на граѓаните за трговијата со луѓе. Меѓу популарните кампањи кои се среќаваат во повеќе земји во светот се и оние за работничките права на граѓаните и за важноста од купување на домашни производи.

Обединетото Кралство оваа година спроведува јавна кампања и за информирање на граѓаните од потребата и важноста за спроведување на попис. Кампањата за пописот беше преведена на 44 јазици и вклучува граѓани на земјата од најразлични социо-економски и етнички позадини.

ЕУ И УНИЦЕФ ВОДАТ КАМПАЊИ ЗА ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ЗЕМЈАВА

Владата на Република Северна Македонија веќе ја отвора дебатата за измени на членот 102 од Законот за медиумски услуги, со кои би се дефинирале исклучоците за јавни кампањи со цел заштита на јавниот интерес на граѓаните.

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе се дебатира со сите здруженија на медиумски работници, сите здруженија на медиуми и сите засегнати страни за изнаоѓање на оптимално решение.

Противењето на вакцинацијата на значителен дел од македонското население, борбата против корупцијата, како и одредените шпекулации и кампањи против пописот, само ја отвораат потребата од правилно, транспарентно и објективно информирање на граѓаните.

Во моментов во земјава, кампањи за јавниот интерес, било тоа да е за позитивните ефекти и потребата од вакцинација или против корупција, се водат само од странски актери како Европската Унија и агенциите на Обединетите Нации.

 


Creative Commons 4.0

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ