• Latest
Венко Филипче, министер за здравство/Фото МИА

Филипче: До крајот на летото очекуваме колективен имунитет

May 9, 2021

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: До крајот на летото очекуваме колективен имунитет

May 9, 2021 13:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Венко Филипче, министер за здравство/Фото МИА

Венко Филипче, министер за здравство/Фото МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче очекува дека со сите вакцини што треба да пристигнат во земјава, до крајот на летото ќе се постигне колективен имунитет. Во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина.

-Сега, со пристигнувањето на оваа значајно голема количина вакцини, а очекуваме уште стотина илјади на 15 мај, повторно од производителот „Синофарм“ и количината од 500 илјади вакцини од производителот „Синовак“ до крајот на мај, значи една значајно голема количина, која ќе се дистрибуира по овие два канала што ги спомнав, решивме да се стави приоритет на тие што се пријавиле и затоа се направи пресек на 30 април – сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160 илјади, во период од две недели, значи некаде до 15 мај, ќе добијат термин за вакцинација преку СМС-порака или мејл, со точно време и пункт каде треба да се јават, рече Филипче.

Посочи дека се става приоритет на тие кои покажале интерес за вакцинација и затоа апелира граѓаните да се пријават на сајтот и да ги има во системот „Мој термин“ за да може понатаму да се креираат тие приоритети.

Нема никаков сомнеж во ефикасноста на ниту една вакцина, нагласи Филипче, и додаде дека Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови сега ги евалуираат и сите други вакцини од други производители кои засега од нив не се одобрени, а тоа, рече, ни укажува дека сите вакцини се ефикасни.

– Нема земја, освен некои ретки кои се производители на вакцини, каде што ексклузивно се користи само еден тип на вакцина од еден производител, тоа е навистина голема реткост и затоа и во нашите разговори со еврокомесарот Оливер Вархеји ни беше укажано дека за патување во ЕУ како еден од условите, кога станува збор за вакцината, ќе бидат прифатени сертификатите за вакцинација со вакцини одобрени и од ЕМА и од СЗО, а сега е постапката за буквално сите вакцини, додаде Филипче во интервјуто за РСЕ.

Во однос на обвинувањата од опозицијата дека за вакцините „Синофарм“ е платена доста повисока цена, тој одговара дека во тоа време таа цена била дури и пониска од онаа по која околните земји, како Србија, ја плаќале за кинеските вакцини.

– Опозицијата сама себе се фати во лага. Прво обвинуваше дека се платени над 12 милиони евра на некоја непостоечка компанија, па сега сфатија дека треба да не слушаат и дека ние работиме јавно, отворено, транспарентно, па извадија документ од системот „Јавни финансии“, на којшто сè е јавно објавено. Значи, самите себе си си се демантираа дека ние сме платиле огромна сума на пари на некоја компанија за која никој во државава не знае, ниту пак сме имале контакт. Жалам што имаат таков став, што ги поткопуваат сите наши обиди да ја менаџираме кризата, што се обидуваат да фрлат дамка на каков било процес, рече министерот за здравство, за РСЕ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ