• Latest

Генерал Стефан Јанев ќе ја предводи техничката влада на Бугарија, дипломатот од кариера Светлан Стоев на местото на Захариева

May 11, 2021

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Генерал Стефан Јанев ќе ја предводи техничката влада на Бугарија, дипломатот од кариера Светлан Стоев на местото на Захариева

May 11, 2021 15:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска за премиер на новата техничка влада го назначи генералот Стефан Јанев. На местото министер за надворешни работи, што досега го пополнуваше Екатерина Захариева, ќе настапи дипломатот од кариера Светлан Стоев.

Радев ја назначи техничката влада по трите неуспеха на ГЕРБ/СДС, „Има таков народ“ и БСП по парламентарните избори на 4 април да формираат влада. Бугарскиот претседател исто така ги распиша новите парламентарни избори за 11 јули годинава, а утре со указ ќе го распушти парламентот.

На функцијата министер за одбрана, која досега ја вршеше ултранационалистот Красимир Каракачанов, претседател на ВМРО-БНД, ќе дојде Георги Панајотов.

Генералот во резерва Стефан Јанев, новиот премиер на Бугарија, е 31 година воено лице, а од 10 мај 2017 година е секретар за безбедност и одбрана на бугарскиот претседател, пишува Дневник.бг.

Во техничката влада на Огњан Герџиков, Јанев бил вицепремиер и министер за одбрана и директно одговорн за организацијата на парламентарните избори во април 2017 година. Како организатор на изборните активности не добил забелешки, но не е така кога станува збор за функцијата министер за одбрана. Тој во последните денови на мандатот на техничката влада на Герџиков во последен момент предлага за набавка на борбен авион – ловец да се склучи зделка со шведската компанија „Грипен“, а подоцна владата на ГЕРБ го обвинува дека таквата одлука е последица на лобирање и ја поништува и ја повторува постапката, при што се донесува одлука за набавка на авионите F-16 Block 70 од американската „Локид-Мартин“, пишува Дневник.бг.

Светлан Стоев, кој ќе биде технички министер за надворешни работи и наследник на Екатерина Захариева, е роден во 1960 година во Софија, а дипломира на областа Меѓународни односи во 1985 година. Подоцна магистрира, а специјализира меѓународни економски односи во Москва и „Европски институции и политики“ во Бон, Германија. Зборува англиски, германски и руски јазик.

Стоев е дипломат од кариера, кој целиот работен век го минува во дипломатијата и во бугарското МНР. Бил амбасадор и во Германија и Шведска, а д 2016 година е директор на дирекцијата „Државен протокол“ при МНР.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ