• Latest

Бесими и Техада потпишаа усогласување на Спогодбата одбегнување на двојно оданочување со Швајцарија со ОЕЦД конвенцијата

May 19, 2021
Руските власти започнаа со инспекција на возила по пријавените експлозии на 16 септември 2025 година. Фото: ХУР

„Операцијата за одмазда“ на Украина во руски Владивосток го погоди 47-от Воздушно-десантен баталјон обвинет за воени злосторства

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Истражна комисија на ОН: Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа

September 16, 2025

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими и Техада потпишаа усогласување на Спогодбата одбегнување на двојно оданочување со Швајцарија со ОЕЦД конвенцијата

May 19, 2021 12:30
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија во земјава Сибил Зутер Техада го потпишаа Протоколот за усогласување на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Швајцарија за одбегнување на двојното оданочување, согласно новата даночна конвенција на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и БЕПС стандардите. Со Протоколот ќе се зајакнат постојните одредби за одбегнување на двојното оданочување за данокот на доход и данокот на капитал помеѓу двете земји, ќе се постигне поголема даночна транспарентност и фер даночен третман.

„Со зајакнување на одредбите за одбегнување на двојно оданочување ќе се овозможи подобро следење на даночната основа и фер распределба на профитот меѓу двете земји. Поставување на јасни правила за одбегнување на двојно оданочување како и спречување на доделување на договорни поволности во несоодветни околностие од исклучително значење за билатералната економска соработка, како и за градењето на фер даночен систем“, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Швајцарија ја поздравува оваа ревизија на нашата Спогодба за двојно оданочување којашто е во согласност со последните меѓународни стандарди и ќе ги зајакне економските односи меѓу нашите две земји. Швајцарија е посветена на спроведувањето на последните меѓународни стандарди во својата мрежа на договори за двојно оданочување“, вели амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија Сибил Зутер Техада.

Протоколот предвидува усогласувања во насока размената на информации помеѓу надлежните даночни органи на двете земји да биде согласно меѓународните стандарди предвидени со конвенцијата на ОЕЦД и БЕПС стандардите, како и усогласувања кои ќе олеснат спроведување на процесите уредени со спогодбата во пракса. Исто така, тој е во насока на имплементирање на БЕПС стандардите.

Во август 2018 година Република Северна Македонија стана 117-та земја членка на БЕПС Инклузивната рамка, во која рамноправно со останатите земји учествуваме во преземање мерки за спречување одбегнување на плаќање на данок, односно мерки за зачувување на сопствената даночна основа. БЕПС пакетот е составен од 15 мерки во рамки на кои се утврдени активности кои ќе им помогнат на земјите во справувањето со можностите за одбегнување на плаќањето на данок. Република Северна Македонија активно учествува во имплементирањето на овој пакет на мерки.

Низ годините Република Северна Македонија има потпишано билатерални договори за избегнување на двојно оданочување со 49 земји и голем дел од нив се по застарени стандарди. Со усогласување на договорите со новата Конвенција на ОЕЦД се дава дополнителна заштита против двојното неоданочување.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ