• Latest

Заев на „Утрински брифинг“: Промените во СДСМ носат нова енергија со која уште подобро ќе им служиме на граѓаните и државата

May 20, 2021

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Заев на „Утрински брифинг“: Промените во СДСМ носат нова енергија со која уште подобро ќе им служиме на граѓаните и државата

May 20, 2021 09:26
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во гостување во емисијата „Утрински брифинг“, премиерот Зоран Заев зборуваше за промените во партијата кои доаѓаат по 26. Изборен Конгрес како и за дел од досегашните успеси на Владата што ја предводи СДСМ.

„СДСМ се менува, се подмладува и мислиме дека тоа носи прогресивност, тоа носи енергија во работата, не дозволуваме да се замрзнеме односно да се оддалечиме од реалноста со тоа што сме со чест и одговорност да ја водиме извршната власт и затоа вака динамични и кадровски и политички нови се случуваат во СДСМ. Точно, ние имаме 37,5% млади во Централниот одбор, имаме 60 жени, 60 мажи или застапеност 50-50, тоа се многу важни за нас социјалдемократски вредности, како и користењето на сите можни капацитети во државата“ истакна Заев.

Во однос на прашањето околу возраста на новиот Централен и Извршен одбор и паралелите со првиот претседател на државата Киро Глигоров, Заев посочи дека младоста не секогаш значи и отсуство на искуство.

„Го спомнавте поранешниот претседател Киро Глигоров, не знам дали знаете тој на свои 27 години е секретар на иницијативниот одбор на АСНОМ и ја има една од многу важните задачи ја води записникот од одлуките кои што се донесени во АСНОМ, тој е нашиот прв делегат во АВНОЈ на свои 27 години и навистина гледавме еве каква кариера стигна. Ова се само паралели, еве како пример ќе го земам вториот човек во СДСМ сега, тоа е Сања Лукаревска, 20 години или пола работен век од 40 години толку е во СДСМ во некои органи на управување, на раководење. Генерално, професионалните општествените или експертски ставови се градат во сите 20-тина комисии кои што се помошни тела на ИО и на ЦО на СДСМ. Покрај тоа што ги имаме сите стручни комисии, тие се и целосно отворени, односно не мора да се биде член на СДСМ да се биде претседател или член на одредена комисија и ние имаме сериозни општественици кои членуваат во некоја од комисиите или помагаат во работата на комисиите“ истакна Заев.

Во интервјуто Заев се осврна и на досегашните успеси на СДСМ во изминатите четири години во кои ја предводи Владата и државните институции.

„Во овие последни четири години имаме сериозни државнички политики, новината меѓу другото не е само во слободата и демократијата, денеска меѓународно мислам дека сме пример, потврдени од сите, соработката и пиететот со кој што се зборува за Северна Македонија е врв на Балканот, имаме пријатели насекаде во светот, станавме членка на НАТО. Во делот на економијата денеска видливо поразлично се живее со тоа што парите се враќаат кон граѓаните, зборуваме за 300% зголемена социјална помош, за 60 отсто покачена плата минимална, сериозно покачена просечна плата, зборуваме за унапредени работнички права, зборуваме конечно за нешто што значи живот од секој можен аспект,“ потенцираше Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ