• Latest

Битиќи: Се засилуваат активностите за проекти за енергетска ефикасност

May 20, 2021
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Се засилуваат активностите за проекти за енергетска ефикасност

May 20, 2021 12:43
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Унапредувањето на соработката помеѓу Владата и развојните агенции на Германија и Франција во насока на реализација на проекти за енергетска ефикасност, беше тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи со амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија Ото Граф, делегација на Француската агенција за развој (AFD) и директорот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Давид Оберхубер.

Вицепремиерот Битиќи, информираат во владината прес-служба, посочи дека Владата е посветена на реализација на приоритетните цели за одржлив развој и Агендата 2030 на Обединетите нации, со кои ќе се овозможат подобри услови за живот на граѓаните, а во исто време ќе се спроведуваат реформите за членство на земјата во ЕУ.

Тој истакна дека како земја членка основач на Европската енергетска заедница, Република Северна Македонија во изминатиот период направи голем исчекор во носење на многу значајни документи, стратегии и политики, во кои се транспонирани директивите од енергетскиот сектор.

Сите овие активности, поврзани со реформите во енергетиката и енергетската ефикасност, како што кажа, условија носење на нов Закон за енергетика и Закон за енергетска ефикасност, како и Стратегија за енергетика до 2040, а во процес на усвојување е и Националниот план за енергетика и клима, кои ја даваат основата за поголемо производство на електрична енергија од обновливи извори, но и политики за заштеда на енергија преку воведување на технологии и техники за енергетска ефикасност. Дополнително, потенцираше дека Северна Македонија е една од првите земји во регионот која се заложи за повисоки амбиции во поглед на редукција на емисиите на стакленички гасови, кое е поврзано со битката со климатските промени. Битиќи потенцираше дека се започнати мноштво на проекти, особено во енергетиката, како воспоставување на Национален фонд за енергетска ефикасност, Проектот за праведна транзиција преку кој ќе се овозможи грижа за социјалните категории на граѓани.

Токму енергетската ефикасност е препознаена како поле во кое би можело да се интензивира соработката со Франција и со Германија, кои преку нивните развојни агенции би овозможиле техничка и стручна помош за правење на соодветни анализи, студии, проектни документации, а потоа во заедничка соработка и со Зелениот климатски фонд и други меѓународни финансиски организации да се реализираат значајни проекти за граѓаните.

Ова е втора посета на делегација на Француската развојна агенција во само еден месец, со која се покажува силната посветеност за унапредување на соработката помеѓу двете земји и поголема присутност на ФАР во Земјите од Западен Балкан. За време на еднонделната посета, пред повеќе државни институции и пред приватниот сектор беше презентирана Програмата PEEB COOL насочена кон енергетската ефикасност на јавни и приватни згради. Соработката помеѓу Северна Македонија, Франција и Германија, со поддршка од Зелениот климатски фонд, во наредните години се очекува значително да придонесе за остварувањето на целите кои се дефинирани во планските и стратешки документи на државата, како и Националниот план за енергетска ефикасност. Имплементацијата на мерките дефинирани во овие документи, ќе придонесе за подигнување на општествената свест од придобивките за воведување на нови техники и технологии за енергетска ефикасност, кои ќе обезбедат подобри услови за живот на граѓаните и подобар животен стандард.biti

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ