• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

Време е за право

May 21, 2021

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Време е за право

May 21, 2021 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Политиката и правото се неопходни за развој на современото општество.

Политиката го претставува динамичниот, развоен елемент, кој ги внесува промените, додека правото е стабилниот елемент кој ја врамува политиката во процедури, правила и критериуми.

Колку повеќе има право, толку помал простор останува за политиката, и обратно.

Во Македонија, доминира политиката наместо правото. Таа зафаќа 90% од просторот. Дури и законите не претставуваат правно врамување на политиката, туку само акт на промоција на политиката. Така, кога власта ќе ни соопшти дека не може да набави вакцини затоа што нема правен основ, па потоа набрзина донесе некоја законска измена и ни тврди дека, ете, сега е сè според правото, всушност, само ни пакува политика во законска обланда. Тоа не е право.

Во општеството во кое континуирано доминира политиката, владее правна несигурност и  постојана нестабилност. На тлото на политиката не може да се постават цврсти темели врз кои понатаму ќе се гради. Можат да се постават само привремени објекти кои ќе бидат срушени од некоја идна политичка идеја.

Дури ни значајните политички решенија (како на пример Охридскиот рамковен договор) не добиваат конечна правна завршница. Тие само привидно се преточуваат во право, а всушност, продолжуваат да егзистираат само на ниво на политика.

Бидејќи основни носители на политиката претставуваат политичките партии, ова продолжително доминирање на политичкото над правното значи постојана и сеприсутна партизација на целокупната структура на државата.

За да излезе од стапицата на партиското, Македонија мора да го зголеми просторот на правото и правно регулираното за сметка на политичкото, спакувано во партиска амбалажа или уште почесто изедначено со партиското.

Она што треба граѓаните да го бараат доколку навистина сакаат владеење на правото е:

– воспоставување процедури, правила и критериуми кои не се базираат на индивидуални желби или интереси, туку логично произлегуваат од содржината на која се однесуваат и кои се применуваат без отстапки до ниво на ригидност;

– донесување закони кои се доволно општи да покриваат неопределен број случаи и ќе траат повеќе години без да бидат променети;

–  надополнување на политичката одговорност со материјална одговорност и за најмало прекршување на законите;

– воспоставување систем на вреднување кој ќе биде надополнет со антидискриминаторски мерки, а не систем на правична застапеност само навидум, а не и фактички надополнет со мерит систем;

– забрана за менување на законите по скратена постапка (доколку е промената мала тогаш не мора ни да се направи; а ако е промената значајна за примена на законот, тогаш не смее да се направи по скратена постапка).

– соодветно информирање (достапно и разбирливо за што е можно поголем број граѓани); и

– консултации, консултации, консултации и уше неколку консултации со граѓаните, пред да се преземе било каква активност која се одразува на нивното секојдневно живеење.

Политиката е важна во пресвртните моменти, кога се трасира нов правец на движење. Потоа доаѓа правото кое ја дава структурата на секојдневното живеење.

Постојаното присуство на политиката во секојдневниот живот ја претвора државата во рингишпил, а градбите на правото (дури и оние од привремен карактер) се лоцираат врз жив песок.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторката.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ