• Latest

Османи: „Преспа форум за дијалог“ е проект за европеизација и дебалканизација на регионот

May 28, 2021

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: „Преспа форум за дијалог“ е проект за европеизација и дебалканизација на регионот

May 28, 2021 16:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

„Во ова политички динамично време на алтернативни сценарија на Балканот кои од различни страни пристигнуваат преку различни форми на пејпери и нон-пејпери, сметам дека сездадовме автентична, наша платформа која испраќа силен и прецизен одговор за тоа каде му е местото на регионот и како до таму. „Преспа форум за дијалог“ е токму тоа“, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на панелот „Патот до Преспа форум за дијалог“ во организација на МНР како воведен настан за претстојниот Преспа Форум дијалог кој ќе се одржи на 1 и 2 јули 2021 година.

„Преспа, форум, дијалог“ се наоѓа суштината на трите наши договори од која Северна Македонија се препознава како уникатен пример во поширокиот регион. Тоа се Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателство со Бугарија и Договорот за стратешко партнерство со Грција познат како Преспански договор. Трите договори претставуваат силен внатрешен и меѓународен легитимитет и се широко прифатени и дома и меѓу нашите меѓународни пријатели. Во нив се препознаваат силни политички принципи и вредности кои имаат универзално значење. Пред се храбрите политички чекори во изградба на долгорочни и стабилни компромиси. Суштинска примена на инклузивноста во надминување на разликите помеѓу различните групи, меѓусебно почитување, политичко и дипломатско трпение и пред се позитивниот пристап во изградба на пријателства помеѓу соседите во најширока смисла на зборот.

Денес не само што ги отворивме сите овие придобивки како наши автентични успеси, туку ги ставивме на маса како основа за нивна понатамошна примена како успешен модел за надминување на разликите и предизвиците кои се се уште актуелни на Балканот.

Ставовите и идеите разгледани на денешниот настан ќе бидат сихноризирани од страна на координаторот на советодавната група за јавна политика Флоријан Бибер, професор на универзитетот во Грац, кој ќе состави документ за политики т.н. полиси бриф кој ќе содржи и препораки за креаторите на политиките кој ќе биде презентиран на завршната сесија „Преспа, форум, дијалог“ во јуни во Охрид.

„Преспа, форум, дијалог“ е државен проект во организација на МНР под покровителство на Владата на РСМ. Се работи за амбициозна конференција од меѓународен карактер со импресивна листа на поканети гости кои поголем број веќе го потврдија своето присуство.

Очекуваме содржајна размена на мислења, идеи, како и плодни заклучоци кои ќе стават печат не само на земјава туку и на целиот регион. Сметам дека тоа е важен придонес на нашата земја во промоција на европската идеја или повеќе на важноста од примена на европските вредности на Балканот. Тоа претставува дел од една суштинска, стратешка политика за дебалканизација или подобро за европеизација на регионот која сметам дека во поширок контекст соодвествува со европска конференција за иднината на Европа“, нагласи Османи.

Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ