Заврши дводневната посета на германскиот државен министер за Европа, Михаил Рот, во која тој се сретна со високи претставници на власта, како и со претставник на ЦИВИЛ.
Тој пред два дена при пристигнувањето во Сопје истака дека крајно време е Европската Унија да ги исполни ветувањата и да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија,
– Иднината на Западен Балкан е европска – треба да постапуваме одлучно сега за да нема сомнеж во тоа, пишува Рот на Твитер.
Германскиот државен министер за Европа, на првиот ден од престојот во Скопје, имаше средба со неговиот домаќин вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров.
„Со оглед на гласниот и активен ангажман на Германија за време и по претседавањето со ЕУ, оваа посета претставува продолжение на германските напори за заеднички пробив на европскиот пат на Северна Македонија. На состанокот ќе се дискутира и за иднината на Берлинскиот процес и самитот кој што е предвиден да се одржи во Берлин годинава, како и за други теми и прашања поврзани со европската перспектива на земјата и регионот, се наведува во соопштението на СЕП.
Германската амбасада во Скопје, пак, информираше дека покрај со Димитров, Рот ќе има средби со премиерот Зоран Заев и со претставници на политичките партии и на граѓанското општество.












