• Latest

Доверба меѓу Северна Македонија и Бугарија за обезбедување ЕУ перспектива на земјата

May 29, 2021
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Доверба меѓу Северна Македонија и Бугарија за обезбедување ЕУ перспектива на земјата

May 29, 2021 10:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Властите во Северна Македонија и во Бугарија се согласни дека е потребен конструктивен дијалог меѓу двете земји за надминување на проблемот и што поскоро членство на земјава во ЕУ. Тие се согласни и дека двете земји се пријателски и оти во тој дух треба да се движи натамошната соработка, која ќе помогне во јакнење на довербата. Пријателството што ги врзува, велат властите од двете земји, ќе овозможи сами да го решат меѓусебниот спор, без посредници, а со тоа да ја овозможат и европската перспектива на Северна Македонија.

„Секојпат се добредојдени пријатели кои сакаат да помогнат, но дефинитивно ова е билатерален спор и така треба да го решиме#, рече вчера премиерот Зоран Заев.

Во телефонскиот разговор што завчера го имал со неговиот бугарски колега, премиерот на техничката Влада Стефан Јанев, Заев рече дека се договорени некои следни чекори кои верува, како што истакна, оти ќе бидат потврдени и од бугарска страна, согласно вестите кои ќе ги донесат претседателите Румен Радев и Стево Пендаровски, пренесува МИА.

„Разговорот уште еднаш го потврди големото пријателство меѓу нашите две земји. Ние очекуваме, а Бугарија потврдува дека наша желба е, а верувам и нивна аспирација во иднина, ќе биде поддршката на целиот Западен Балкан за интеграција во ЕУ, па така и на Северна Македонија. Но, битно е да проодлжиме да работиме на изноѓање на решенијата. Сепак, ќе кажам, Европа е кабаетлија и ни должи многу“, рече Заев.

Тој повтори дека земјава 16,5 години чека пред вратата на ЕУ.

„Што и да е, многу е. Испорачавме се, нема дилеми од никој, ниту од дома, ниту од надвор, и за делот на реформите и за европските манири и за дипломатскиот и начинот на дијалог на решавање на проблемите. Докажавме и одржавме европски лекции за цел континент и навистина заслужуваме. Секогаш ја испраќам и пораката за замолница до Бугарија за поддршка на Северна Македонија зашто лесно е да се стават непријатни состојби меѓу нашите народи, а не е така лесно да се градат пријателства и да се унапредуваата врските. Важно е каква историја денеска испишуваме зашто таа ја отвара иднината за идните генерации“, потенцира премиерот.

И министерот за надворешни работи Бујар Османи е согласен дека пристапот на актуелната бугарска Влада е конструктивен, особено во создавање на довербата и во реториката и во чекорите.

-Сакам да ја охрабрам таа конструктивност и да одговорам на таа конструктивност со наша конструктивност и се надевам дека во наредните денови и недели ќе правиме чекори кон враќање на довербата, изјави вчера Османи.

Шефот на дипломатијата потенцира дека се работи со бугарската страна на градење доверба, но оти парлалено се разговара и за предлогот на Португалското претседателство на ЕУ.

„Кое било решение може да се најде само во услови на вратена доверба помеѓу страните, односно дека е невозможно да се најде решение при изгубена довербата. Довербата е како мозаик од камчиња. Треба камче по камче да ја изградите. Мислам дека тој процес на изградба на доверба го започавме сериозно во последните денови и планираме во наредниот период, а посебно во наредните две – три недели да ја изградиме таа доверба со мали и големи чекори кои беа пропуштени во изминатиот период поради многу причини. Со тоа да создадеме атмосфера помеѓу двете страни на доверба. Паралелно работиме со нашите пријатели во рамки на предлогот на Португалското претседателството за којшто се разговара на повеќеќ форуми“, рече министерот за надворешни работи.

Претседателот на Бугарија вчера по средбата со италијанскиот колега во Рим изјави дека Бугарија сака што поскоро да ја види Северна Македонија, како и другите земји од Западен Балкан, на европскиот пат.

„Сите сакаме да ги видиме овие земји на нивниот европски пат што е можно поскоро. Јас многу јасно ја објаснив бугарската позиција дека ќе напредуваме кога самите земји ќе покажат јасно и неповратно дека ги исполнуваат критериумите“, рече Радев.

Во насока на зајакнување на пријателството и довербата тој најави дека во моментов бугарската Влада работи заедно со Владата на Северна Македонија и дека наскоро Бугарија ќе донира „значителна количина“ вакцини за земјава.

Радев потенцира дека со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со кога заедно отапуваа во Рим, разгледувале идеја да се поканат ученици и студенти од земјава да минат дел од одморот заедно со деца од Бугарија.

„Ако успееме тоа да го постигнеме тоа, ќе се направи најважниот чекор за надминување на децениска пропаганда со инсинуации и спротиставувања меѓу двете држави. Ако ги собереме нашите млади луѓе заедно, сигурен сум дека тоа ќе неутрализира какви било пропаганди“, нагласи Радев.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ