• Latest

Битиќи: Владата може да препорача, но не и да одлучи за цената на струјата

June 2, 2021

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Владата може да препорача, но не и да одлучи за цената на струјата

June 2, 2021 14:10
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска изјави дека како Влада ќе препорачаат да нема зголемување на цената на струјата, но оти не можат да донесат таква одлука.

„За зголемување на цената на струјата би требало да оставиме на Регулаторната комисија за енергетика. Ние како Влада работиме, слушаме и ги следиме состојбите и ќе препорачаме да нема зголемување на цената на електричната енергија, но не можеме да одлучиме. Регулаторната комисија за енергетика одлучува за цената. Но, ќе работиме на подобрување на состојбите во енергетиката, на вложувањето во обновливи извори на енергија, во живеење зелено. Секако, живеењето зелено значи дека еден ден ќе мора да платиме повеќе, но јас како граѓанин сум подготвен да платам повеќе кога се работи за здравјето на мојот син“, изјави Битиќи по посетата на компанијата „Пејпер мил“ во Кочани.

Задоволен е што сите трендови во економијата се позитивни – индустриското производство во четвртиот месец е зголемено 46 проценти и е скоро на исто ниво како во 2019 година која се смета за една од подобрите години, а, како што посочи, добри резултати има и во делот на приходите.

„Од аспект на собирањето на приходи имаме феноменални добри резултати. Споредбено со 2019 година во приходи од ДДВ, од Данок на личен доход, акцизи, царина итн. веќе сме на неколку отсто повисоко од истиот период во 2019 година. Во првите три месеци од оваа година споредено со првите три месеци претходната година кога март половина месец немавме пандемија, ние сме на 22,8 отсто по зголемени приходи. Имаме за 200 милиони повеќе приходи во буџетот отколку што ги планиравме заклучно со вчерашниот ден“, нагласи Битиќи.

Додаде дека состојбите се следат и доколку е потребно ќе бидат креирани дополнителни мерки за да се помогне.

„Кога е тешко треба да се помогне, кога е лесно секој си знае сам“, рече Битиќи.

Во однос на јавниот долг, рече дека проекциите се оти до 2025 година тој ќе се одржува на ова ниво, а потоа постепено ќе почне да паѓа затоа што се очекува БДП да расте со стапки многу повисоки од тоа што би требало да расте јавниот долг.

„Нашите граѓани и нашите деца не треба да се грижат за зголемување на јавниот долг се додека средствата коишто ги земаме ги носиме за нивната иднина, за подобар живот. Ние тоа го докажавме и тоа ќе го правиме. И затоа поцврста и појака економија значи помоќна да се справи со последиците од евентуалното нови задолжувања. И тие одат заедно секогаш“, рече Битиќи.

За Интервентниот инвестициски план посочи дека е план во кој се интегрирани инвестиции во повеќе области за подобар живот на граѓаните. На коментарите дека планот содржи стари проекти, Битиќи со став дека може да има стари проекти, но прашањето е зошто тие досега не се направени.

„Подобро во 2025 година да зборуваме за тоа кој ќе биде исходот од овој интервентен план за инвестиции наместо сега да се занимаваме. Да седнеме сите заедно и да си подадеме рака“, порача Битиќи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ