• Latest

Израел пред промена на власта: Противниците на Нетанјаху договорија коалиција

June 3, 2021

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Израел пред промена на власта: Противниците на Нетанјаху договорија коалиција

June 3, 2021 11:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Опозицискиот лидер во Израел, Јаир Лапид, успеа да формира владина коалиција. Тоа значи крај за досегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху по 12 години на власт. Но, новата влада треба да  биде и официјално потврдена.

Формирањето на коалиција од противниците на Бенјамин Нетанјаху означува почеток на крајот на долгогодишниот премиер во Израел. По повеќе од два месеци по парламентарните избори, досегашниот опозициски лидер Јаир Лапид успеа да формира владина коалиција од осум партнери.

Претседателот на арапската Раам партија, Мансур Абас ја потпиша спогодбата за формирање на коалицијата речиси пред истекот на рокот. Имаше големи несогласувања до последна минута. Кабинетот на претседателот потоа и официјално објави дека лидерот на опозицијата Лапид на претседателот Ривлин му поднел доказ дека осигурил парламентарно мнозинство со што може да формира нова влада. Се очекува новата влада да даде заклетва на 14 јуни. Но, претходно за неа мора да гласа просто мнозинство од 120 пратеници.

Две години Бенет, две Лапид  

Според медиумите, по тешките преговори дел од коалицијата ќе биде и ултрадесничарската партија Јамина на Нафтали Бенет, кој по изборите од 23 март всушност беше клучниот играч за тоа каде ќе превагне политичката моќ. Како што се дознава, договорено е да има ротација на премиерската позиција. Првите две години на премиерското столче ќе седи Бенет, кој е актуелен министер за одбрана. Следните две ќе го замени Лапид, кој во меѓувреме го презема Министерството за надворешни работи.

Неговата партија „Има иднина“ е позиционирана во политичкиот центар. На последните избори во март беше втора најсилна партија по десноконзервативната Ликуд на Нетанјаху. Лапид влезе во политиката по успешна водителска кариера на ТВ. Во една од поранешните влади на Нетанјаху беше и министер за финансии.

Целите не може да бидат поразлични  

Лапид се потпира на сојуз на неговата со уште седум помали партии од сите бои во политичкиот спектар. Нив пред се ги обединува отпорот спрема Нетанјаху. Тој беше на премиерската позиција уште од 1996 до 1999, и потоа непрекинато од 2009 до сега. Со тоа е премиер со најдолг стаж во Израел. Влада без него би била вистински пресврт.

Но, новиот владин состав допрва треба да биде изгласан, а веќе има сомнежи дали коалицијата од осум партии воопшто ќе успее и де факто да владее. Разликите во програмските определби на партиите се огромни. Бенет, кој стана милионер со својот интернет старт ап, застапува национално-религиозна политика и неговата партија позитивно гледа на политиката на населување. Коалицискиот партнер Мерец, Работничката партија и арапската партија Раам се залагаат за основање независна палестинска држава и се строго против населувањето Евреи на палестинска територија – нешто што Израел во изминатите години интензивно го практикуваше.

Земјата во последниот период беше во континуирана политичка криза. Четвртите парламентарни избори за само две години во март годинава повторно не успеаа да резултираат во јасно мнозинство. Претседателот Реувен Ривлин на 5 мај го даде мандатот за формирање влада на Лапид, откако Нетанјаху не успеа во тоа. Рокот за Лапид истече синоќа (среда), така што веста за коалицијата од осум партии дојде буквално во последен момент.

DEUTSCHE WELLE / ДОЈЧЕ ВЕЛЕ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ