• Latest
Лепа Џундева

Џундева: Имаме нова генерација на гласачи коишто треба да поттикнат нови политики

June 9, 2021

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Џундева: Имаме нова генерација на гласачи коишто треба да поттикнат нови политики

June 9, 2021 14:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Лепа Џундева

Лепа Џундева

Share on FacebookShare on Twitter

„Според она што го имаме во моментов како една слика е дека граѓаните сакаат да чекорат напред, сакаат да одат кон ЕУ меѓутоа возот се движи бавно, не само во однос на политиките на ЕУ кон земјата и нашите аспирациите, споровите што ги имавме со Грција, сега и спорот со Бугарија, туку и во однос на промените кои што мораат да почнуваат од нас самите“ истакна Лепа Џундева, новинарка во ТВ24 на  панел дискусија на ЦИВИЛ на тема: „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?

Она што можам и морам да споменам е онаа позната изјава на поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, при соопштувањето на извештајот на европската комисија за земјата каде што имавме одреден напредок кажа „Мора да се промени менталитетот на граѓаните, мора да се промени менталитетот воопшто на западен Балкан за да чекорите напред“. Всушност, најчесто, тоа се тие пораки кои што имам прилика да ги слушнам од европските политичари, аналитичари кои што во изминатиов период сум доста често во контакт. Исто така морам да го споменам, во мојата последна емисија во однос на климатските промени и зелената агенда кја што моментално е во фокус на јавноста. Зборував со поранешниот министер за животна средина на Франција, кој што кажа „ секој политичар или барем министер на одредена влада, не треба да работи само на одреден пи-ар или да покаже на граѓаните дека нешто сработил, или да покаже закони на лист хартија, туку тоа мора да биде применето во пракса. Секој министер мора да ја притиска владата или парламентот дека некои реформи мора да се направат“. Вели, „јас тоа го направив, препорачувам и вие да го направите за да чекорите напред“.

Мора да почнеме од нас самите, мора да се работи на реформи внатрешно во државата за да можеме да чекориме напред, за можеби во иднина и да ги надминеме оние проблеми и спорови кои во моментов се најголема пречка за оној долго очекуваниот датум за прва меѓу владина конференција.

Факт е дека медиумите креираат слика на граѓаните, што ќе испрезентираме тоа се прима и тоа се гледа. Нашиот пат, барем патот на Северна Македонија и целта е Европска Унија и НАТО. Како институциите и невладиниот сектор се стремат кон тоа, треба и медиумите повеќе да се стремат кон ЕУ вредности, во однос на покажување на тоа што работи Европа во делот на реформите. Преокупирани сме со спорот со Бугарија кој не можеме да го тргнеме на страна. Тоа е она што е проблем, не само за институциите туку и за граѓаните за да се движиме напред.

Затоа кога медиумите се фокусираат на политичките случувања тоа не значи дека се прави дефокус или дека не се придава внимание на она што треба да биде важно. Во моментот кога официјално ке започнат преговорите, сите ке бидат вперени кон медиумите да видат што прават и што сработиле. Тогаш ќе може по директно една паралела да се направи, како функционира едно законодавство да речеме на Франција или на Германија, и до каде сме ние на Балканот и што прави Македонија.

Јас се обидувам на некој начин да направам паралела, додека чекаме датум за конференција, верувам дека фокусот на сите медиуми ќе биде повеќе насочен кон тој момент откако ќе има нешто опипливо.

Ние имаме напредок, но ни треба уште многу, многу работа. За џабе не беше извештајот на Европската комисија оценето дека има умерен напредок. Тоа е тој умерен напредок со хронични проблеми. Треба уште многу работа на секое ниво. Значи и на ниво на институции, и на ниво на невладин сектор, на ниво на обичен човек за да се променат работите и да се движиме напред. Тука голема улога имаат медиумите но и секој од нас. Затоа сметам дека на краток рок нешто ќе успее, некој национализам, дискриминација и сето тоа. Но ако има промена, суштинска, тоа нема да биде така на подолг временски период, туку навистина работите ќе почнат да се менуваат. Битна е желбата и волјата за сето тоа.

Имаме нова генерација на гласачи кои што треба да поттикнат нови политики, меѓутоа не смееме да дозволиме да остане на пи-ар. Факт е дека Европа бара вистински реформи и не треба да ја смениме само корицата туку целата книга.

Европа моментално се фокусира на климатските промени и таа една неутрална Европа до 2050 година за која се работи многу. Друго е вистински да се направи тоа. Треба да престане желбата за профит и непланско градење. Кога ќе престане тоа ќе се видат вистинските реформи.

Ирена Крџиќ

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Игор Чадиноски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ