• Latest

Модна ревија од Конкурсот за одржлива мода – симбол за борба против климатските промени

June 10, 2021
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Модна ревија од Конкурсот за одржлива мода – симбол за борба против климатските промени

June 10, 2021 09:24
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Креативни дизајни – фустани и костуми создадени од студентите од факултетите за дизајн од целата држава, со употреба на само еколошки материјали, беа промовирани вечерва на одржливата модна ревија во Музејот на современа уметност. Дизајните се дел од Конкурсот за одржлива мода, а ревијата се одржа по повод Националниот ден на Обединетото Кралство, роденденот на кралицата Елизабета Втора.

Конкурсот е организиран од страна на Британската амбасада во Скопје, а на него учествуваа студенти од факултетите за дизајн.

Исто така, беше создадена и одржлива и еколошка облека за амбасадорката и заменик амбасадорот кои вечерва ги носеа на прославата на роденденот на Кралицата Елизабета Втора.

Студентите ги покажаа своите креативни дизајни, користејќи еколошки материјали како што се органски и природни влакна, рециклирани материјали и полусинтетички влакна со мала потрошувачка на вода како што е лен.

Амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј во својот говор на завршувањето на ревија ги објавиосумте победници на Натпреварот за одржлива мода.

Победниците се Магдалена Димковска од Технолошко металуршки факултет, Универзитет Свети Кирил и Методи – победничка и дизајнер на фустанот на амбасадорката Рејчел Галовеј, Ева Таневска од ФОН Универзитет – победничка и дизајнер на оделото на Заменик Амбасадорот Доминик Отвеј, Албулена Бафтиари од Институт за мода Изет Цури, трето место, Христијан Мледеновски од Европски Универзитет, Александра Китановска од ФОН Универзитет, Мирјана Јосифоска од ФОН Универзитет, Кристијан Арсовски од Технолошко металуршки факултет и Арта Мифтари од Институт за мода Изет Цури.

Амбасадорката Галовеј истакна дека младите и креативните индустрии се едни од клучните фактори за менување на ставовите кон одржлив начин на живот, да ја зачуваат природата, ја поддржуваат обновливата енергија и присвојуваат еколошки практики.

-Сакавме да го прикажеме тој ентузијазам. Го објавивме Конкурсот за одржлива мода за создавање одржлива и еколошка облека за мене и за заменик амбасадорот кои ги носиме на овогодинешната прослава на роденденот на Кралицата, рече амбасадорката Галовеј.

Таа додаде дека добиле разновидни и неверојатни креативни дизајни, а студентите ги покажаа и еколошките материјали како што се органски и природни влакна, рециклирани материјали и полусинтетички влакна со ниска апсорпција на вода како што е ленот.

-Тие исто така предложија и традиционални вештини како што е везењето и чипката кои би ги носеле нивните баби. Бев импресионирана од тоа колку беа креативни, истражуваќи за материјалите и процесот на производство, земајќи ги во предвид клучните принципи на циркуларната мода, за да не остават негативно влијание врз животната средина, рече амбасадорката на Обединетото Кралство.

Одржливоста, порача, е важна за модата. Како што посочи, не само што спречува текстилната и модната индустријата да влијаат негативно на околината, туку создава нови зелени работни места и помага да се смени разговорот околу животната средина.

-Она што ги зближува нашите општества се луѓето кои не спојуваат како алки во синџирот. Би сакала лично да им се заблагодарам на нашите победници Магдалена, Ева, Кристијан, Христијан, Албулена, Арта, Александра, Мирјана и сите други студенти по моден дизајн за нивниот придонес, а особено за тоа што ни се придружија на нас, Обединетото Кралство во борбата против климатските промени, додаде таа.

Амбасадорката Галовеј потсети дека во ноември оваа година, Обединетото Кралство ќе ги пречека земјите од светот во Глазгов на 26-та конференција на ООН за климатски промени, COP26.

-Ова е нашиот момент да го вратиме светот на вистинскиот пат да се справи со огромната закана од климатските промени и да изгради почиста, посветла иднина за сите нас. Времето за акција е СЕГА. Обединетото Кралство и Северна Македонија ја продлабочија соработката и продолжуваме со зајакнување на нашата билатерална соработка во борбата против климатските промени, рече Галовеј.

Потстеи дека во април годинава, Северна Македонија го усвои Националниот определен придонес (НДЦ) на Парискиот договор, поставувајќи амбиција да се постигне 51 отсто намалување на емисиите на стакленички гасови (СГ) до 2030 година, во споредба со нивото од 1990 година.

-И покрај предизвиците, и честитам на Северна Македонија за тоа што има толку амбициозни цели бидејќи е важно земјата да се движи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои што нема да му наштетат на нејзиниот кревок екосистем. Обединетото Кралство силно ја поддржува Северна Македонија на овој пат кон одржлива енергија и почиста и позелена иднина, рече Галовеј.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ