• Latest

Маричиќ: Онлајн судењата за 60 проценти ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста

June 11, 2021
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
Никица Корубин, панел на ЦИВИЛ "Демократско наѕадување: Импликации и последици", 9 октомври 2025
Фото: ЦИВИЛ

Корубин: Во демократијата секој од нас учествува во одлучувањето и управувањето

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен: На ЕУ и се потребни побрзи одлуки за зајакнување на конкурентноста

October 22, 2025

СДСМ: Тоне ВМРО-ДПМНЕ – ние ја продолжуваме битката за уште 17 општини

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Онлајн судењата за 60 проценти ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста

June 11, 2021 11:41
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Анализите укажуваат дека преку дигитализацијата, судењата на далечина или онлајн судењата за 60 проценти ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста, а дополнително, на овој начин се намалуваат и трошоците, порача министерот за правда Бојан Маричиќ, на отворањето на Конференцијата за ефикасност на работата на судиите и судската администрација.

Пандемијата, посочи тој, беше катализатор на процесот кој е од суштинско значење за подобрувањето на ефикасноста на работата на судиите и судска администрација, а тоа е дигитализацијата, пренесува Слободен Печат. 

– Дигитализацијата, за жал во некои сегменти во општеството наидува на отпор. Судството секако нема да биде заобиколено. Се надевам дека набрзо ќе бидеме сведоци на целосна дигитализација на 187 судници и 34 судови низ државата, изјави Маричиќ.

На ова, нагласи тој, имаме директна финансиска и стручна помош од ОБСЕ, Европската Унија, САД и Норвешката влада.

– Нема посигурен начин да се намали можноста од човечки грешки, отколку да се дигитализира сè што може. Со визија и макотрпна работа веќе чекориме по патот на модернизацијата, пат којшто дава уште поголема ефикасност и подобар квалитет на испорачување на правдата, но и доследно спроведување на законот и заштита на странките во постапките, така како што бараат современите европски стандарди, изјави Маричиќ.

Судската служба, порача тој, е моторот на овие реформи, и верувам дека до крајот на годината ќе се реши проблемот и ќе се зголемат нивните плати и статусот на судската служба.

Маргарита Цаца Николовска од ИЧП, на отворањето рече, дека во рамките на 30-месечните активности на проектот биле спроведени пет работилници за одговорност, транспарентност и ефективност со судии, обвинители и адвокати.

– Работилниците беа водени од експерти со акцент на размена на практични искуства, изјави Николовска.

Во рамките на проектот, посочи таа, беше изработен заеднички протокол за унифицирано спроведување и работење на судската служба, како и проектната публикација.

Судијата во Врховниот суд Џемали Саити, и претседател на Здружението на судии, рече дека ефикасноста како важен сегмент за пристапот до правда во изминатиот период бележи напредок, но и дека е важно и понатаму да се работи на унапредување на судската служба и судиите.

Претседателот на Здружението на судска администрација Сашо Темелкоски, порача дека ефикасноста на судовите е од големо значење во генерирање доверба од граѓаните.

– Опсегот на работни задачи на судската служба почнува од приемот, водењето и архивирањето на судските списи и предмети. Таа не завршува тука и се однесува и на самото спроведување на судењата и одржување на судската зграда. Ефикасноста при извршувањето на работните задачи од судската служба, ќе придонесат и за зголемување на целокупната ефикасност на судовите, нагласи Темелкоски.

Мерливоста за ефикасноста, посочи тој, може значително да се прави преку Акмис системот, кој генерира податоци за спроведените судските предмети.

Конференцијата се одржува во рамки на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството”, финансиран од страна на Европската Унија и кофинансиран од Британската амбасада во Скопје, а спроведен од Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) и професионалните здруженија на судии и судска администрација.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ