• Latest

УПОЗ бара покачување и на платите на вработените во судовите, а не само на судиите

June 15, 2021

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

УПОЗ бара покачување и на платите на вработените во судовите, а не само на судиите

June 15, 2021 16:01
in ВЕСТИ, ПРАВДА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на УПОЗ денеска со соопштение реагира на вчерашната најава за зголемување на платите на судиите при што посочува дека немаат ништо против тоа, но оти сметаат дека зголемувањето на платите на вработените во судовите треба да биде поголемо од тоа на судиите, бидејќи, како што нагласуваат, разликата меѓу платите на едните и другите е огромна.

Синдикатот реагира и за тоа што не биле вклучени во преговорите за покачување на платите и бараат средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со претставници на вработените во судовите и јавните обвинителства.

-Синдикатот на УПОЗ не е против зголемувањето на платите на судиите, но е против тоа што не е вклучен во разговорите и не е консултиран колкаво треба да е зголемувањето на платите на вработените во судовите. Доколку бевме прашани, со аргументи ќе докажевме дека во овој случај зголемувањето на платите на вработените во судовите и јавните обвинителства треба да биде поголемо од зголемувањето на судиите затоа што разликата помеѓу платите на судиите и другите вработени е премногу голема и предизвикува револт, кој влијае на нивната ефикасност, ефективност и посветеност во работењето, велат од УПОЗ.

Посочуваат дека судските доставувачи – курири се со плата од 16.500 денари, записничарите – дактилографи со плата од 18.000 денари, вработените во писарница со плата од 21.000 денари и стручните судски службеници – стручните соработници со плата од 25.000 денари. Најголем дел од вработените земаат плата помала од просечната. Само многу мал број вработени, според УПОЗ, се над тој просек, а тоа се раководителите на оддели и одделенија (кои ги има само во двата најголеми судови) и администраторите. Состојбата со платите е идентична и во јавните обвинителства.

Од Синдикатот на УПОЗ нагласуваат дека се единствен репрезентативен синдикат и социјален партнер, со кој според Уставот и законите, министерот треба да разговара за сите прашања поврзани со работниот однос на вработените.

-При ова очигледно е дека вчера беа заборавени постојаните барања на Синдикатот за зголемување на платите на судската и јавно обвинителската администрација, а заборавено беше и тоа дека во судовите има вработени судски полицајци и помошно – технички персонал. Таквиот пристап на селективност при зголемувања на платите во судовите беше повод за многу протести и штрајкови во минатото. Секогаш оваа категорија вработени и во судовите и во обвинителствата се на маргините, се заборава дека нивната работа е тимска што значи за да има предмет кој конечно ќе биде завршен со издржана, законита одлука, се вклучува цел тим на вработени, од доставувачи, дактилографи, службеници во писарница, па до соработници, се вели во реакцијата од УПОЗ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ