• Latest

Заев: Со Програмата за соработка 2021-2024, Швајцарија го потврдува пријателството и поддршката на С Македонија

June 21, 2021
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Со Програмата за соработка 2021-2024, Швајцарија го потврдува пријателството и поддршката на С Македонија

June 21, 2021 15:58
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Програмата за соработка на Швајцарија со Северна Македонија 2021–2024, и понатаму е израз на силната посветеност на оваа наша пријателска земја да ја продолжи поддршката на решавањето на преостанатите предизвици на нашата политичка определба, на нашите социјални и економски политики, особено сега во пост-ковид периодот, рече премиерот Зоран Заев на денешната промоција на Програмата на која беа присутни и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој изрази благодарност, во свое и во име на Владата, за грижата и приоритетите утврдени во Програма за соработка на Швајцарија со Северна Македонија 2021–2024 година, кои како што рече „се особено релевантни за натамошниот развој на нашата земја и за благосостојбата на сите граѓани“ и додаде дека особен нагласок од главните области на Програмата имаат темите кои и Владата ги утврдила како приоритет за просперитетот на земјата со фокус на: борбата против корупција, понуди за миграција на сивата економија кон легалните економски текови, дигитализација и климатски промени.

-Финансиската поддршка од 65 милиони швајцарски франци за Програмата за соработка со Северна Македонија 2021-2024 е креирана во тесна соработка на Швајцарската агенција за развој и соработка и Државниот секретаријат за економски прашања, со институциите од централната и локалната власт, со партнерите од граѓанското општество и приватниот сектор. Швајцарија има релевантно искуство и експертиза во сите овие области, подвлече премиерот Заев издвојувајќи неколку од придобивките од Швајцарската програма за соработка со Северна Македонија, особено во областа на демократското управување како најдолготрајна.

Премиерот истакна дека благодарение на поддршката на Швајцарија, Собранието на Република Северна Македонија ги зајакнало капацитетите за работа, огромен број членови на општинските совети речиси во сите општини во земјата стекнале знаења и вештини за подобро креирање на општинските буџети и за надгледување на буџетските трошења и, како особено важно, значително се зголемила довербата во граѓанските организации преку проектите за приближување на работата на овие организации до граѓаните.
-Благодарение на проектите поддржани со оваа програма ние денеска имаме поголема транспарентност и отчетност на институциите на централната и на локалната власт, неколку илјади работни места, како и пристап до квалитетна вода за над 100 илјади граѓани во неколку општини, рече премиерот со уверувањето за ефективен придонес во прифаќањето и имплементацијата на најдобрите практики за натамошен развој.

На промоцијата на Програмата за соработка на Швајцарија со Северна Македонија 2021–2024, организирана од страна на Швајцарската амбасада во земјата, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада и заменик-амбасадорот, Лусиен Егетер, присуствуваа и заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски, директорката на Центарот за истражување и креирање на политики Марија Ристеска, претседателката на деловниот клуб Северна Македонија – Швајцарија, Јасминка Талеска и претставници на важни партнерски институции и организации.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ