• Latest

Алијанц Арена ќе ги пречека Унгарците во боите на виножитото?

June 22, 2021

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Алијанц Арена ќе ги пречека Унгарците во боите на виножитото?

June 22, 2021 12:25
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градските советници во главниот град на Баварија за мечот Германија-Унгарија на Евро 2020 во среда во Минхен, планираат да го осветлат стадионот со бои на виножито. Ова е симболичен протест против неодамнешното донесување на закон за забрана за промовирање на хомосексуалноста во Унгарија. Познатата Алијанц Арена ќе блесне со боите на ЛГБТИ за време на натпреварот, а чинот е за да се обесчести политиката на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Градот Минхен ја поддржува различноста, толеранцијата и вистинската еднаквост во спортот и општеството“, стои во заедничката нацрт-одлука на сите шест партиски фракции во Градскиот совет во Минхен, упатена до градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер. По повод натпреварот меѓу Германија и Унгарија, градскиот совет сака да испрати видлива порака на солидарност до ЛГБТИ заедницата во Унгарија, која трпи последици од неодамнешниот закон инициран од владата на Орбан.

Виктор Орбан, премиер на Унгарија

Унгарија на 15 јуни го усвои предлог-законот за забрана на „промовирање“ на хомосексуалноста кај малолетните лица, предизвикувајќи загриженост на активистите за човекови права, во услови на зголемени ограничувања наметнати од конзервативната влада на премиерот Виктор Орбан кон ЛГБТИ заедницата.

Амандманот на законот е усвоен со 157 гласа, вклучувајќи ги и од владејачката партија Фидес, на Виктор Орбан, на седницата што директно беше емитувана на телевизија.

Опозицијата го бојкотираше гласањето, освен крајно десничарската партија Joбик, која му се спротивставува на Орбан, но денеска гласаше за забраната.

„Порнографијата и содржината што ја прикажуваат сексуалноста или промовираат девијации на идентитетот од овој вид, промена на полот и хомосексуалноста, не смеат да бидат ставени на располагање на лица на возраст под 18 години“, се наведува во документот, додавајќи дека тој има за цел да ги „заштити правата на децата“.

Во пракса, тоа ќе значи дека веќе нема да бидат дозволени едукативни програми или реклами кои изразуваат поддршка за сексуалните малцинства, како што е оној на Кока-Кола, што претставува неколку мажи, кои во 2019 година предизвикаа повици за бојкот. Ниту, пак, книгите што ја промовираат хомосексуалноста.

Будимпешта, протест против новиот закон за рестрикции на правата на ЛГБТИ (фото: Gergely Besenyei)

Илјадници лица излегоа на улиците на Будимпешта во знак на протест против „континуираната пропаганда“ на владата против ЛГБТИ заедницата.

Парадоксот да биде уште поголем, корените на ваквиот радикализам на Виктор Орбан и неговата партија Фидес лежат во неколку големи педофилски скандали во нивниот политички круг.

„Законот претставува нов чекор кон обесправување на правата на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица, уште еден чин на насилство во низата од постапки со што систематски ги ограничува владеењето на правото и основните слободи во Унгарија“, рекоа советниците од Минхен и порачуваат дека со овој закон се спротивни на: Повелбата на ЕУ за основните права, Конвенцијата на ООН за правата на детето, надлежноста на Европскиот суд за човекови права и стратегијата на Европската комисија за рамноправноста на ЛГБТИ.

Минхенските советници во предлогот наведуваат дека во таква ситуација, со истакнување на боите на виножитото, појавувањето на германскиот национален тим против Унгарија нуди јавна платформа од која ќе испратиме јасна порака дека Минхен се залага за разновидно и толерантно општество. Спортот, а особено фудбалот, исто така силно ги претставува истите овие вредности, се вели во предлогот.

Мануел Ноер, голманот на репрезентацијата на Германија, со капитенската лента во боите на виножитото за време на натпреварот против Португалија (фото: Philipp Guelland)

Ова не е изолиран случај против дискриминација на ЛГБТИ луѓето во германскиот фудбал. Голманот на репрезентацијата на Германија, Мануел Ноер веќе ја носеше капитенската лента со боите на виножитото за време на натпреварите против Франција и Португалија минатата недела. Клубовите од Бундеслигата исто така редовно учествуваат во слични иницијативи: Лајпциг и унгарскиот голман Питер Гулаци неодамна излегоа во јавноста со поддршка на исто половите бракови.

Ако се знае дека десничарските и ултранационалистичките групи доминираат меѓу навивачите на унгарската репрезентација, кои не ги ни кријат своите антисемитски ставови, натпреварот во Минхен во среда ќе биде интересен од многу аспекти.

На двата одиграни натпревари досега во Будимпешта, блоковите зад голот на Гуласки беа окупирани од навивачи од т.н. „Карпатиска бригада“, група во црни маици составена од приврзаници на неофашистичката партија Joбик и членови на екстремно десничарски групи од редовите на навивачите на унгарските клубови.

Приврзаници на неофашистичката партија Joбик „Карпатската бригада“, со транспаренти против ЛГБТИ заедницата за време на фуедбалски натпревар од ЕУРО2020. (фото: Bede Szolt)

За време на мечот со Португалија на 15 јуни, истиот ден кога унгарскиот парламент го донесе анти-ЛГБТИ законот, „Карпатиската бригада“ прикажа транспаренти, пееше и извикуваше навреди на сметка на сексуалните малцинства, Инцидентот во моментов го истражува УЕФА.

Пред саботното реми со Франција, членовите на истата група маршираа зад анти-ЛГБТИ транспарент сè до „Пушкаш Арената“, опонирајќи на клечењето на Англичаните против расизмот и дискриминацијата.

Јане Ѓорѓиоски/ Frontline

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ