• Latest

Балкан Барометар 2021: Над половина од граѓаните би се вакцинирале, за членство во ЕУ се 62 отсто

June 24, 2021

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Балкан Барометар 2021: Над половина од граѓаните би се вакцинирале, за членство во ЕУ се 62 отсто

June 24, 2021 15:16
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од половина од испитаниците на Западен Балкан, односно 56 проценти изразуваат желба да се вакцинираат, 42 проценти не сакаат, покажува „Балкан Барометар 2021“ што го спроведува Регионалниот центар за соработка.

Според „Барометарот“ на јавното мислење, кој е спроведен помеѓу 6.000 граѓани од регионот, има подобрување во 46 точки, за разлика од 2020 година, кога биле 45. Додека,  според „Балкан Бизнис Барометар 2021“ кој е спроведен помеѓу 1.200 компании во шест економии од Западен Балкан, има намалување од 65 во 2020-та година на 46 во 2021.

Овогодинешниот барометар, спроведен помеѓу 6.000 граѓани од регионот, покажува и дека поддршката за членство во Европската Унија е зголемена на 62 проценти. Исто 62 отсто од испитаниците од Западен Балкан се чувствуваат сигурно во однос на зачувувањето на работното место во наредната година, што претставува намалување од седум проценти во однос на 2020 година.

Најголем дел од испитаниците, вкупно 43 проценти, ја посочиле Европската Унија како најзаслужна за поддршка на нивната економија, потоа Кина со 14 проценти, Турција со девет проценти и другите економии од Западен Балкан и Русија се на четврто место со седум проценти.

Патувањето само со валиден документ за идентификација за 61 процент од бизнисите во Западен Балкан претставува придонес за нивниот, а 30 проценти од бизнисите во регионот попрво би вработиле маж отколку жена, додека 56 отсто немаат никакви преференции. Кога станува збор за изедначувањето на платите помеѓу мажите и жените кои ја работат истата работа, 57 проценти од анкетираните сметаат дека тоа може да придонесе кон родовата еднаквост на работното место.

Од испитаниците, 83 проценти веруваат дека продуктите од нивните економии можат да се споредат со конкуренцијата од регионот, додека 74 проценти го мислат истото за продуктите од Европската Унија. Вкупно 62 проценти велат дека се подготвени да платат повеќе за продукти кои што ја заштитуваат животната средина.

Кога станува збор за безбедноста на патиштата, 57 проценти од населението во Западен Балкан смета дека патиштата во нивниот крај се безбедни за патување, додека 40 проценти не се согласуваат со ова.

Во однос на најкорумпираниот сектор, најголем дел од граѓаните 78 проценти велат дека тоа се политичките партии, потоа правниот систем – 76 проценти, царината – 75 проценти, здравството – 74 проценти и парламентот – 71 процент.

Дека побарувачката нема да се подобри во наредната година велат 42 проценти од испитаниците, а 85 проценти од граѓаните би стекнале дополнителни квалификации за да напредуваат на работното место, а  66 проценти би ги стекнале истите само за да добијат работа.

Вкупно 52 отсто од испитаниците се изјасниле дека користат Фејсбук, 30 проценти преферираат Инстаграм, додека 10 проценти велат дека воопшто не користат социјални медиуми.

Дека намалените такси за роаминг во нивниот регион им помогнале да заштедат средства преку нивните телефонски трошоци, веруваат 48 проценти од жителите на Западен Балкан, а 38 проценти од бизнисите сметаат дека тоа имало позитивно влијание на нивните бизнис операции.

Само 24 проценти се задоволни од начинот на кој нивната економија ги третира безбедносните предизвици, додека 39 проценти од нив се незадоволни. Педесет проценти од граѓаните се чувствуваат загрозено од нелегалното поседување и употреба на оружје.

Вкупно 51 процент од бизнис лидерите сметаат дека Западен Балкан е добро место за инвестиција, додека, 19 проценти не се согласуваат.

Цели 77 проценти од граѓаните ја поддржуваат регионалната соработка и нејзината улога во подобрувањето на политичката и економска ситуација во домашните економии.

„Балкан Барометар“ е годишна анкета на јавно мислење и бизнис расположение во шест економии од Западен Балкан спроведена од Регионалниот центар за соработка. Оваа анкета ги истражува аспирациите и очекувањата на живот, работа, социо-економски и политички трендови и регионални и Европски интеграции.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ