• Latest

Софија со неколку барања до Скопје за тргање на ветото за ЕУ

June 25, 2021

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Софија со неколку барања до Скопје за тргање на ветото за ЕУ

June 25, 2021 19:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија беше принудена, како што е наведено во позицијата на бугарското МНР, да ја одложи поддршката за почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ на состанокот на Советот за општи работи што се одржа на 22 јуни 2021 година.

Позицијата на Бугарија за европската перспектива на нејзиниот близок сосед, Република Северна Македонија, е конзистентна и јасна. Таа е во согласност со нашето убедување, дека политиката на проширување на ЕУ треба да се заснова на исполнување на Копенхашките критериуми за членство во Унијата и принципот на заслуга. Позицијата на Бугарија покажува дека таа инсистира на неповратност во целосната и ефективна имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

Според бугарското МНР, Скопје треба во најбрз можен рок да потврди пред ООН, во согласност со член 11, став 3 од Договорот за соседство, дека краткото и долгото име на земјата се однесуваат само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не на географскиот регион „Северна Македонија“, дел од кој се наоѓа и во рамките на суверените граници на Бугарија.

По испраќањето на оваа вербална белешка, Бугарија веднаш ќе престане да инсистира на единствена употреба само на долгото име „Република Северна Македонија“ во ЕУ и меѓународните организации.

Софија, инсистира на тоа Република Северна Македонија, конечно да ги повлече своите малцински претензии против Бугарија, потврдувајќи дека нема историски, етнички или други основи за барање статус на малцинство за која било група на луѓе, кои не се нејзини државјани, на територијата на Република Бугарија. Ова би било во согласност со клаузулата за немешање во внатрешните работи на Бугарија, утврдена во член 11 став 5 од Договорот од 2017 година.

Република Северна Македонија мора да започне процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам, репресирани на нејзината територија, поради нивната бугарска самосвест. Овој историски гест од страна на Република Северна Македонија, во пракса би го одразувал заедничкиот европски цивилизациски избор на земјата, се вели во документот.

Република Северна Македонија мора да ја прилагоди со Бугарија содржината на нејзините наставни програми со цел објективно да ја рефлектира нашата заедничка историја, зацртана како централен елемент на Договорот за соседство, како и со цел да се елиминира образовната содржина што предизвикува омраза кон Бугарија (член 11 став 6). Документот, исто така, предлага идентификување заедно со Бугарија и отстранување на знаци и натписи на територијата на Република Северна Македонија, кои шират омраза кон Бугарија и Бугарите.

Министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев, денеска испратил писмо до својот колега министерот Бујар Османи, во кое изразува очекување за спроведување на преземените обврски од Република Северна Македонија, како и подготвеност на бугарската страна да најде трајни и одржливи решенија. Без оглед на предизвиците, Република Бугарија и Република Северна Македонија треба да развиваат целосни, искрени, предвидливи и засновани на Договорот за соседство, односи во сите области. Нашата земја обезбеди безброј докази за својата подготвеност за ова. Бугарската страна изразува подготвеност за конструктивен дијалог и за време на претстојното словенечко претседателство, како и за време на следните претседателства на Советот на ЕУ, со цел да се постигнат реални и одржливи резултати во процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, што несомнено би било од полза за целиот регион и неговата европска иднина.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    180 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ