• Latest

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025 16:21
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Локалните избори одржани на 19 октомври беа конкурентни и на гласачите им овозможија вистински избор меѓу различни политички алтернативи, но беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација, соопштија меѓународните набљудувачи во денешната изјава за прелиминарните наоди и заклучоци.

Според заедничката набљудувачка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа и Европскиот парламент, изборите се одвивале во атмосфера на разочараност од политиката и широко распространети перцепции за корупција.

Шефот на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, Матео Мекачи, посочи дека иако изборната администрација генерално ги спровела подготовките ефикасно и во согласност со законските рокови, празнините во законодавството, застарената инфраструктура и ограничените ресурси негативно влијаеле врз нејзината работа.

– Беше добро да се види конкурентна кампања во изминатите недели и добро организиран, претежно мирен изборен ден, но и натаму остануваат загрижувачки недостатоците во изборното законодавство кои го поткопуваат работењето на институциите, рече Мекачи.

Тој нагласи дека решавањето на прашањата поврзани со финансирањето на кампањата и еднаквите можности за медиумска застапеност ќе бидат во фокусот и во вториот круг од изборите на 2 ноември. Мекачи посочи дека основните слободи биле почитувани, а кандидатите можеле слободно да водат кампања, но биле забележани, како што вели, случаи на злоупотреба на јавни ресурси, како и притисоци врз вработени во јавниот сектор, заплашување на гласачи и купување гласови, што предизвикало загриженост кај набљудувачите.

– Извештаите за притисоци, заплашувања и злоупотреба на јавни ресурси се спротивни на меѓународните стандарди и остануваат сериозен предизвик, изјави Мекачи, додавајќи дека „клучните аспекти од изборниот процес бараат реформи од финансирање на кампања до еднаков пристап до медиумите за сите кандидати.“

Јавните средства сочинуваат значаен дел од вкупното финансирање, но нивната распределба, се посочува, ги фаворизира поголемите партии, оставајќи „само ограничени можности“ за малите партии и независни кандидати.

– Системските слабости во финансирањето ги фаворизираат владејачките партии и ја ограничуваат политичката конкуренција, се наведува во дел од извештајот.

Се потенцира и дека правната рамка обезбедува техничка основа за демократски избори, но содржи бројни празнини и нејаснотии кои овозможуваат различни толкувања. Иако измените на Изборниот законик од 2024 година опфатиле дел од претходните препораки на ОДИХР и Конгресот, голем дел од нив и понатаму остануваат неспроведени. Посебно внимание е посветено на одлуката на Уставниот суд од мај 2025 година, со која беа укинати одредбите за бројот на потписи потребни за независни кандидати, како и на интервенцијата на ДИК која бараше само два потписа за пријава. Иако тоа се сметало за практично решение, мисијата оцени дека интервенцијата на ДИК поставила преседан што го доведува во прашање принципот на поделба на власта.

Гобинт Ни Вимнехан, шефица на Делегацијата од Конгресот на Советот на Европа, посочи дека денот на изборите бил генерално добро организиран, но го нагласи недоволното учество на жените како кандидатки и недостатокот на пристапност за гласачите со попреченост и постари лица. Мониторингот на медиумите покажал дека известувањето било генерално избалансирано, но дека дел од медиумите, особено надвор од главниот град, не обезбедиле рамноправен пристап за сите кандидати.

– Отсуството на локални медиуми, особено надвор од главниот град, дополнително го ограничува покривањето на теми од локално значење и придонесува за поларизација на јавниот дискурс, рече таа.

Ни Вимнехан  напомена дека биле забележани одредени застои во работењето на уредите за биометриска идентификација, што, како што посочи треба да се надмине до следните избори. Таа додаде и дека некои гласачи имале проблем со тоа во која кутија кое гласачко ливче треба да биде ставено и препорача во иднина да се стават посилни бои за да може да се направи дистинкција.

Извештајот укажува и на голема присутност на дезинформации на социјалните мрежи и слаба регулација на дигиталните кампањи.

Марта Темидо, шефица на делегацијата на Европскиот парламент, изјави дека европската интеграција не била во центарот на изборната кампања, мнозинството партии и граѓани остануваат посветени на членството во ЕУ.

– Ги слушавме сите наши соговорници со интерес и внимание. Иако европската интеграција не беше во центарот на изборната кампања, од повеќето од нив разбравме дека мнозинството партии и заедници во Северна Македонија остануваат посветени на членството во ЕУ, затоа им препорачуваме на новоизбраните локални власти да го унапредат процесот на европски реформи во својата земја, додаде Темидо.

На прашањето дали во текот на набљудувањето се соочиле со случаи на починати лица да фигурураат на избирачкиот список, набљудувачите одговорија дека таков случај немале, но Мекачи истакна дека како проблем, кој не е отсега е тоа што на него се лица кои не живеат во државата.

-Тоа е проблем подогло време и во овој случај за да гласаш на овие избори треба да си резидент, ако не си жител на општината немаш право да гласаш, рече Мекачи.

Меѓународната мисија беше составена од 275 набљудувачи од 40 земји, меѓу кои 253 експерти на ОБСЕ/ОДИХР, 15 членови од Конгресот на Советот на Европа и седум европратеници.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ