• Latest

Заев во Куманово: Создадовме простор за младите и за нивниот глас за да се создаде во конкретни активности

June 26, 2021

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев во Куманово: Создадовме простор за младите и за нивниот глас за да се создаде во конкретни активности

June 26, 2021 10:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вчера се обрати на настанот по повод првата фаза од целосната реконструкција на игралиштето за фудбал и ракомет од спортскиот комплекс „Соколана“ во Куманово.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, како и други гости спортски работници од општината и од државата.

„Ми претставува навистина искрено задоволство да бидам дел од овој настан со кој ја означуваме како готова првата фаза од целосната реконструкција на игралиштето за фудбал и ракомет од спортскиот комплекс „Соколана“ во Куманово. Со наредните две фази од целосната реконструкција и обнова со кои ќе бидат опфатени самиот објект, а потоа и кошаркарското игралиште, нашата намера е да го вратиме првичниот сјај и функционалност на „Соколаната“ за која се врзани дел од најубавите спомени на граѓаните на овој град. Јас би додал дури и на граѓаните од целата земја кои доаѓаа тука да проследат некои од највозбудливите спортски или други манифестации кои беа тука организирани“, изјави Заев.

Денеска, и во оваа прилика, сакам уште еднаш да истакнам дека одлуката на Владата во 2019 година „Соколаната“ да ѝ биде вратена на користење на Општина Куманово, односно на граѓаните на овој град и на околните места, ја сметам за исклучително значајна.

Им го вративме објектот полн со спомени и историја на оние на кои им припаѓа – на граѓаните.

„Соколана“ е спортски објект во нашиот град, кој датира уште од доцните 20-ти години на минатиот век и период на кралство Југославија, со зачетоците на Соколското движење, не само на просторите на Куманово, туку и на тогашна Европа.

„Водени од респектот кон сентиментите и меморијата поврзана со овој прекрасен објект, како Влада, преку Агенцијата за млади и спорт, ја поддржавме неговата обнова и ставање во полна функција за да го вратиме некогашниот дух на спортски ентузијазам и да создадеме уште едно место за спортски активности на младите и на сите граѓани“, изјави Заев додавајќи дека Куманово во времето на режимот беше целосно запоставено и воопшто не постоеше на агендата за проекти од страна на тогашната власт.

Заев присуствуваше и на отворањето на првиот Младинскиот центар во Куманово, но и во државата   согласно Законот за младинско учество и младински политики.

„Општина Куманово е позната како симбол на шареноликоста и пријател на младите луѓе и со отворањето на овој младински центар само го потврдува тоа. Со неговото отворање како и со формирањето на локалните младински совети, гарантираниот буџет за млади, не постои можност градоначалникот и локалната власт да ги слушнат младите и да не креираат политики и активности по нивна мерка“, потенцираше  Заев во своето обраќање на отворањето на првиот младински центар во Куманово.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    180 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ