• Latest

Дури 77 отсто од граѓаните на Западниот Балкан ја поддржуваат регионалната соработка во решавањето на политичките, економските и безбедносните прашања на нивните држави

June 26, 2021

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дури 77 отсто од граѓаните на Западниот Балкан ја поддржуваат регионалната соработка во решавањето на политичките, економските и безбедносните прашања на нивните држави

June 26, 2021 11:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дури 77 отсто од граѓаните во земјите од Западниот Балкан веруваат дека регионалната соработка може да помогне во решавањето на политичките, економските и безбедносните прашања на нивните држави, покажуваат резултатите од годишното истражување „Балкански барометар 2021“, спроведено од Регионалниот совет за соработка (РЦЦ).

Во Северна Македонија поддршка на регионалната соработка изразиле 72 отсто од анкетираните, пренесува МИА.

Што се однесува до довербата кон процесот на зачленување во ЕУ, таа пораснала на 62 отсто на ниво на целиот Западен Балкан од 59 проценти, колку што изнесувала во 2019 година. Во земјава поддршката на овој процес изнесува 53 отсто, во Црна Гора е 51, а во Србија само 42 проценти.

Најголем дел од испитаниците од регионот или 43 проценти ја посочиле Европската Унија како најзаслужна за поддршка на економија во нивната земја, по што следува Кина со 14 отсто, Турција со девет и другите економии од Западниот Балкан и Русија со по седум проценти.

 

Дури 72 отсто од граѓаните на земјава „целосно“ или „делумно“ не се уверени дека правната држава и законите подеднакво се применуваат и важат за секого во државата. На прашањето „дали мислите дека законите се применуваат за секого подеднакво“, 45 отсто од македонските граѓани изјавиле дека „целосно не се согласуваат“ со констатацијата, а дополнителни 27 проценти рекле дека „повеќе не се согласуваат, отколку што се согласуваат“ со ваквиот став.

Споредено со останатите држави од Западниот Балкан опфатени со истражувањето, полоша перцепција за еднаквоста пред законите имаат само државјаните на Босна и Херцеговина, каде дури 76 отсто од испитаниците изјавиле дека „не веруваат“ оти законите важат подеднакво за сите. На ниво на регионот ваков став имаат 66 проценти од граѓаните.

Како значаен проблем со кои се соочуваат, граѓаните од државите од Западниот Балкан ја посочиле корупцијата, при што како најкорумпирани ги оцениле политичките партии со 78 отсто, пред судството со 76 проценти, царината со 75, здравствениот сектор со 74 и парламентите со 71 отсто.

Во Северна Македонија како најкорумпирано е издвоено судството за кое 81,1 проценти од граѓаните сметаат дека е корумпирано. Ваквиот процент сепак е помал во споредба со 2019 година, кога, според тогашното, истражувањето дури 89 отсто од анкетираните сметале дека судската власт е корумпирана.

 

БиХ и во оваа категорија е пред нас, каде 82,7 отсто од испитаниците го оцениле судството како најкорумпирана гранка во државата.

Перцепцијата на граѓаните за независноста на институциите од политичко влијание, укажува дека 75 проценти од жителите на земјава сметаат дека судството е „целосно“ или „делумно“ под политичко влијание, што претставува зголемување за дури 20 процентни поени во однос на 2019 година.

Зголемување на перцепцијата за независност на судството е најголемо во Црна Гора, каде што недовербата опаднала од 82 на 60 отсто.

Во однос на вакцинацијата против Ковид-19, граѓаните од земјите од Западниот Балкан се поделени. Така, 56 проценти од испитаниците изразиле желба да се вакцинираат, додека 42 проценти не сакаат.

 

Само 24 проценти од испитаниците се задоволни од начинот на кој нивната матична држава се справува со безбедносните предизвици, додека 39 проценти од нив се незадоволни. Педесет проценти од граѓаните се чувствуваат загрозено од нелегално поседуваното оружје и неговата употреба.

Дека намалените цени за роаминг ќе им помогнат да заштедат средства веруваат 48 проценти од жителите на Западниот Балкан, а 38 проценти од бизнисите сметаат дека тоа има позитивно влијание на нивните бизнис активности.

Вкупно 51 процент од бизнис лидерите сметаат дека Западниот Балкан е добро место за инвестирање, додека 19 отсто не се согласуваат со ваквиот став.

Од бизнисите во регионот 30 проценти попрво би вработиле маж отколку жена, додека 56 отсто немаат никакви преференции во однос на полот. Кога станува збор за изедначувањето на платите помеѓу мажите и жените исто работно место, 57 проценти од анкетираните сметаат дека тоа може да придонесе кон родовата еднаквост.

 

Дури 62 отсто од испитаниците од Западниот Балкан се чувствуваат сигурно во однос на зачувувањето на работното место во наредната година, што претставува намалување за седум проценти во однос на ланското истраживање.

Дека побарувачката нема да се подобри во наредната година сметаат 42 проценти од испитаниците, 85 отсто се подготвени да стекнат дополнителни квалификации за да напредуваат на работното место, а 66 проценти би се доквалификувале само за да добијат работа.

Кога станува збор за безбедноста на патиштата, 57 проценти од населението во Западен Балкан смета дека патиштата во нивниот крај се безбедни за патување, додека 40 проценти не се согласуваат со ова.

Вкупно 52 отсто од испитаниците се изјасниле дека користат Фејсбук, 30 проценти преферираат Инстаграм, а само 10 отсто рекле дека воопшто не користат социјални медиуми.

 

Анкетата која ги истражува аспирациите и очекувањата на граѓаните за животот, работата, социо-економските, политичките и регионални трендови и европски интеграции, е спроведена од декември 2020 до февруари 2021 година и со неа биле опфатени 6.000 жители од земјите од регионот на Западниот Балкан.

Според генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу, истражувањето покажало дека главни проблеми за жителите од регионот се неизвесноста и чувството на загрозеност, но добра вести е зголемената свесност за користа од регионалната соработка.

„Како што предвидовме минатата година, вистинскиот сосед се препознава во неволја. Кај граѓаните од Западниот Балкан порасна поддршката за регионална соработка и за Европската унија“, истакна Брегу.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    180 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ