• Latest

Османи: За целосен договор потребно е зелено светло за старт на преговорите

June 26, 2021
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: За целосен договор потребно е зелено светло за старт на преговорите

June 26, 2021 18:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целосен договор треба да ги има решенијата од португалскиот предлог, дефиниран патоказ и зелено светло за почеток на преговорите. Тогаш двете страни сме ги исполниле обврските и имаме целосен договор. Без една од овие компоненти не можеме да имаме договор и не можеме да почнеме со еднострано имплементирање на поединечни компоненти, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Токму тоа, нагласи Османи, беше целта од Договорот од 2017, да нема еднонасочни, еднострани обиди, туку да се воведе една рамка во која што секоја страна ќе си има обврски.

„Бугарија според членот 2 ќе има обврски да ја поддржи евроатлантската интеграција, Република Северна Македонија ќе ги има своите обврски и тие заеднички да ги имплементираме и заеднички да ги мониторираме. Ја гледате логиката на договорот. Комисијата е една за историските прашања, само има дел наши историчари и бугарски историчари, нема две комисии коишто поединечно разговараат. Меѓувладината комисија како дел од тој билатерален мониторинг, не е две меѓувладини комисии, – една комисија раководена од двајца министри за надворешни работи. Значи, процесот е замислен така да може заеднички да преземаме обврски, заеднички да ги имплементираме, заеднички да ги мониторираме. И оттука така треба да продолжиме. Ние не треба да се вратиме на период пред 2017 и да почнеме со еднострани пристапи во решавањето“, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали се преземени некакви обврски во Софија и дали тие идеи остануваат.

На тие разменети идеи во Софија како треба да изгледа содржината на патоказот, нагласи Османи, требаше да има одговор пред самитот. 

„Доколку беа прифатливи тие наши предлози, да се усогласиме за патоказот, португалското решение веќе е на маса, зелено светло во четвртокот – имаме комплетен договор. Едната позитивна страна на ова писмо што го добив вчера е дека во писмото стои дека сите предлози коишто се дадени  се прифатливи затоа што кога барате да Република Северна Македонија да ги реализира обврските, тоа значи дека вие се согласувате дека тоа е решение. Но, негативното е што дојде откако заврши самитот“, рече Османи.

Во наредниот период, според шефот на дипломатијата, треба да се продолжи, така што словенечкото претседателство го презема португалското решение, патоказот е дефиниран и уште зелено светло во септември и ќе имаме конечен договор.

„Така јас го гледам тој процес, но не мислам дека поединечните компоненти може да имаат тежина или сила без да се во рамки на пакетот од трите компоненти. Мислам дека треба таков да биде пристапот, да се договориме, Бугарија дава пас за почеток на преговори, ние сме го дефинирале патоказот, почнуваме да ги реализираме чекорите од патоказот, исто португалското решение се импелемнтира и веќе имаме конечно решение со трите компоненти во тоа конечно решение“, повтори Османи.  

Духот на договорот, нагласи Османи, препознава заеднички обврски и секое враќање пред договорот со унилатерални чекори или еднострона чекори кои не се дел од пакетот на договорот, според него не е здраво и за нашите односи и за перспективата на овој спор.

Во однос на писмото од бугарското МНР и колку тие идеи ќе се преточат во обврски доколку има одблокирање на евроинтегративниот процес од другата страна, Османи потврди дека дебатата по однос на дефинирањето на патоказот се движи во таа насока, како и дека тоа само покажува дека не се преговара за идентитетските прашања.

За краткото име, Османи посочи дека, идејата била со една изјава, една нота да се надминат разликите и да се укаже дека краткото име – Северна Македонија е исто, како што е и долгото име – Република Северна Македонија.

„Според тоа писмо што го добив вчера се потврдува предлогот дека така може да се реши и со тоа двете варијанти на името и краткото и долгото да бидат во целосна употреба, во зависност кој како сака да ги употреби“, изјави Османи.

Во однос на малцинските прашања, Османи рече дека Амандманот 36 од Уставот, донесен по усвојување на Преспанскиот договор, веќе тоа прашање го регулира.

„Дека Република Северна Македонија презема обврска да не се меша во внатрешните прашања, освен за своите државјани, во државите во регионот. Тоа право го има Судот во Стразбур, кој што ги регулира индивидуалните малцински прашања на граѓаните, кои што живеат секаде низ Европа“, изјави Османи.

По однос на прашањето за книгите, Османи посочи два моменти, прво – дека опашките на книгите од еден претходен сојуз од Југославија се непотребно бреме во новите сојузи, и второ – дека во делот на разликите во историските интерпретации историската комисија останува да биде инструмент или платформа за изнаоѓање заеднички погледи.

„Тука нема ништо спорно, затоа што тоа е обврска од Договорот од 2017 година, па и во однос на говорот на омраза и спомениците, за кои што, бугарската страна ги смета за навредливи“, појасни Османи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ