Јас не би зборувал многу академски за тоа што е граѓанскиот сектор и кои се неговите функции и улоги во општеството, затоа што за тоа има обемна литература. Јас би сакал накратко да кажам колку може граѓанскиот сектор да влијае на промените од лично искуство и од искуството на организацијата која постои веќе 20 години, низ пример од каде тргнавме од еден реален проблем на граѓаните на Македонија а тоа е функционирање на месна самоуправа во рамките на оние промени, како еден од многу важните сегменти на локалната самоуправа, истакна Александар Николиќ Писарев на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?“
Конкретниот проблем за кој сакам да зборувам, а тоа е велешкото село Башино. Изгледа малце морбиден, но кога работевме на територија на цела Македонија, и сакам да кажам дека тој проект беше награден како најдобар во период 2017-2018. Кога се сретнавме на терен со луѓето, видовме всушност во каков хаос се наоѓа месната самоуправа во РМ и после 20 и нешто години луѓето беа многу среќи дека некој го отворил проблемот.
Со пробивање на автопат, селските гробишта на селото Башино беа отсечени од селото. Луѓето имаа проблем како да ги закопаат своите најблиски. За да се изврши тој чин кој треба да биде достоинствен, треба да се провлекуваат низ водоводната цевка за да се пробијат до гробиштата.
Не ми се веруваше кога ми го објаснуваа тоа, тоа е нешто незамисливо во цивилизиран свет. Подигнавме голема галама, направивме краток филм за функционирањето на месните заедници.
Тоа што е многу важно во функционирање на граѓанскиот сектор е тоа што мораме да се ослободиме од личните суети и од суетите на организациите дека ние сме најважни и најдобри и така натаму. И многу е битно сега кога граѓанскиот сектор е етаблиран во Македонија, издифиренцирани се секторите кој што работи, многу е важно вмрежувањето. Вмрежувањето најдобро го покажува, моментално, платформа на граѓански организации за борба против корупција.