• Latest

Спасовски на Форум на министри за внатрешни работи на земјите членки на МАРРИ во Подгорица

July 2, 2021

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски на Форум на министри за внатрешни работи на земјите членки на МАРРИ во Подгорица

July 2, 2021 15:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Регионот на учесничките на МАРРИ е регион чувствителен по многу прашања – Западен Балкан, дел од Европа, но сè уште не и дел од Европската унија. Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ) со својата постојана канцеларија во Скопје постои и функционира повеќе од 17 години. Години во кои покажавме дека можеме да комуницираме меѓу нас, дека можеме да соработуваме и преку конструктивна дискусија да носиме одлуки корисни за регионот.

Ова меѓу другото го истакна министерот Оливер Спасовски во своето прво обраќање на денешниот МАРРИ Форум на министрите за внатрешни работи на земјите членки на оваа Регионална иницијатива за миграција, азил и бегалци што се одржа во Подгорица, Црна Гора.

Потенцирајќи дека МАРРИ, бездруго е докажана успешна регионална приказна, успешен регионален проект кој успеа да опстои и покрај многуте премрежија, вклучително и актуелните со пандемијата од Ковид-19, министерот Спасовски нагласи дека Република Северна Македонија останува посветена на оваа иницијатива.

– Нашата посветеност ја темелиме врз фактот дека МАРРИ како регионален субјект и денес му е многу потребен на регионот. Релевантноста на МАРРИ и денес е многу актуелна, бидејќи како основна тема за работа ја има миграцијата која сама по себе е постојана. Не постои друг општествен процес кој има подолга историја, а примерите од последните неколку години, па и тие од периодот на пандемијата, покажаа дека овој процес не може да биде прекинат, истакна Спасовски, се наведува во соопштението од МВР.

Со оглед дека Република Северна Македонија и формално го презеде претседавањето со МАРРИ иницијативата во наредниот едногодишен период, министерот Спасовски презентирал дел од проектите, идеите и иницијативите што се планираат како битни за време на македонското претседавање.

– Сериозно пристапивме на процесот на осмислување на приоритети на кои би сакале да се фокусираме во текот на нашето претседавање, приоритети на чие спроведување ќе работиме како претседавачи со Иницијативата и кои што претставуваат континуитет на претходните неколку циклуси на претседавања од останатите учеснички. Сметаме дека е многу важно на овој начин да се обезбеди одржливост на идеите преточени во конкретни активности, со што на нашите партнери и донатори им кажуваме дека можат да имаат доверба во МАРРИ, во регионот на Западен Балкан, а со тоа и во секоја од учесничките поединечно, рече Спасовски.

Притоа, тој нагласи дека најголем акцент ќе стави на финализирање на процесот на изготвување нова модерна МАРРИ стратегија за периодот 2021-2024 година, а во насока на демонстрирање капацитет за развивање на среднорочни и долгорочни активности, компатибилни и флексибилни за адаптација на можните предизвици.

Според министерот Спасовски, стои во соопштението, дополнително, имајќи предвид дека во последните неколку години значително е зголемен обемот на работа на претставниците од одделите за азил, предвидено е организирање настани за претставување на најдобрите пракси од аспект на организациска поставеност на овие единици.

– Ќе го искористиме ова за присуство на претставници кои работат во полето на азилот во релевантни институции од земји членки на Европската Унија, со надеж дека некои од нивните искуства ќе бидат применливи и кај нас. Воедно, предвидовме серија активности посветени на продлабочување на соработката меѓу Регионалниот Центар и членовите на МАРРИ Комитетот и МАРРИ координаторите, како и промоција на активностите до крајните корисници во администрациите на земјите учеснички, посочи Спасовски.

Тој најави дека во фокус се става и прашањето на соработката на нашиот регион со земјите на потекло на мигрантите кои ги користат илегалните рути за движење низ нашите територии, што е една тема, истакнал Спасовски, која одамна се провлекува како потреба или горливо прашање на кое треба да му се најде одговор.

Домаќинот на Форумот, министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Сергеј Секуловиќ, во обраќањето пред присутните истакна дека предизвиците кои се однесуваат на миграцијата, азилот и расселените лица, имајќи ја предвид глобалната безбедносна ситуација, сигурно нема да бидат помалку актуелни во времето кое доаѓа.

– Црна Гора е подготвена да ги вложи сите напори за да придонесе за создавање на цврсти политички врски и односи помеѓу соседните држави, како би можела, и на ова важно поле на делување, да биде остварена целта која нѐ приближува до интеграциските вредности и стандарди. Во таа смисла, нашите регионални иницијативи, меѓу кои и МАРРИ, веќе подолго од  деценија претставуваат прилика за јакнење на врските и заедничките вредности на патот кон ЕУ, рече Секуловиќ.

Министерот Секуловиќ упати честитки до министерот Спасовски и Северна Македонија за преземањето на едногодишното претседавање со оваа иницијатива и порачал дека Црна Гора секогаш ќе биде подготвена да продолжи со активниот придонес со цел афирмација на регионалната стабилност и забрзување на интегративните процеси.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ