• Latest

Заев: ЕУ не го исполни ветувањето и испрати лоша порака за регионот

July 2, 2021

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: ЕУ не го исполни ветувањето и испрати лоша порака за регионот

July 2, 2021 16:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката да не се одржи првата меѓу владина конференција беше големо разочарување за Северна Македонија и за Албанија. Тоа е голем неуспех на политиката на проширување на ЕУ и лоша порака за регионот. Европската Унија не го исполни своето ветување, истакна премиерот Зоран Заев на Пленарната сесија на високо ниво „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западниот Балкан“, што се одржува во рамки на „Преспа форумот за дијалог“ во Охрид.

– ЕУ може да поставува интегративни задачи, рокови, но не може да ја утврди ниту нашата локација, што е во срцето на Европа, ниту нашата култура и нашиот европски идентитет, ниту да ја оспори иднината на нашите народи како европски нации во европското семејство, во европските земји, имајќи европски политички, институционални и економски стандарди, додаде Заев.

Премиерот во обраќањето пред учесниците на конференцијата укажа на потребата од „трансформирање“ на трансатлантските односи, пред се во контекст на суштинската важност кога станува збор за стабилноста на регионот на Западниот Балкан.

– Колку што трансатлантските врски се посилни и стабилни, Западниот Балкан е посилен, стабилен и просперитетен. Заедничкиот ангажман на САД и ЕУ на Западниот Балкан е од суштинско значење. Силно тврдам дека трансатлантските врски мора да бидат трансформативни, со цел да одговориме на кој било предизвик со кој сите ќе се соочиме во иднина. И овој одговор треба да биде едногласен, силен, стабилен, брз и одлучувачки, рече премиерот Заев.

Тој потсети дека зачленувањето на Северна Македонија во НАТО беше реализација на државната стратешка цел и едно од најголемите достигнувања во надворешната политика.

– Членството во НАТО е одраз на нашиот суверен избор и сведоштво за нашата силна меѓу партиска и општествена цел да станеме целосно интегрирани во евроатлантското семејство на нации. Денес, Северна Македонија ја подобри безбедноста и стабилноста, како и регионот на Западен Балкан. Ние сме посветени на визијата за Балканот во 21-от век, како регион на мир, стабилност и зголемена регионална соработка за економски придобивки и просперитет на сите граѓани, рече Заев, притоа посочувајќи дека сето тоа беше можно заради Договорот од Преспа, Охридскиот рамковен договор, како и заради Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

Премиерот уште посочи и дека неуспешниот обид на ЕУ за отпочнување преговори за членство на Северна Македонија и на Албанија во Унијата. само ја нагласува потребата Европа повторно да се најде себеси и како што рече „да се врати на своите корени, да се врати на Шуман и Аденауер“.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ