• Latest

Се преговара за повлекување на концесионерите за хидроцентрали на Шар Планина

July 7, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Се преговара за повлекување на концесионерите за хидроцентрали на Шар Планина

July 7, 2021 15:00
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конфернеција истака дека се преговара за повлекување на концесионерите за изградба на мали хидроцентрали на Шар Планина. Како што рече, дел од нив се подготвени да се повлечат, а за другите се очекува да се најде заедничко разбирање.

„Има седум одлуки од Владата за концесии. Јас имав разговори со овие концесионери за да се почнат преговорите. Имавме неформален разговор и се надевам дека во многу брзо време ќе имаме и формален договор за да се тргнат. На пример во Лешница ќе се тргнат, но сме во комуникација и со останатите, преговараме нормално, ние се грижиме и за природата но истовремено и за државниот буџет, за да немаме многу загуби за ова. За останатите се надевам дека ќе имаат разбирање за ова и ова ќе се направи во текот на една година. Концесионерите или ќе започнат или ќе се отстранат по усвојувањето на законот“, рече Нуредини.

На новинарсно прашање околу состојбата со дивите платформи на Матка и барањата за легализација кои „две ипол години стојат во фиока“ кај градоначалникот на Општина Сарај, министерот за животна средина и просторно планирање рече дека од почеток на мандатот тој е за заштита на природното наследство.

„За Матка законот е при крај кој што ќе го предложиме, овде останува само некој дел за менаџирањето на Матка. Апсолутно се согласувам дека е едно од нашите богатства во нашата земја и треба да го заштитиме и тоа врз основа на координација со Општина Сарај и со граѓаните ќе се договориме за менаџирање на Матка. Законот наскоро ќе биде предложен во Влада кога ќе биде и усогласен. Ние како институција не си ја префрламе топката, но ние не сме за легализација, за ова може да одлучи градоначалникот на Општината, но ние сме овде за соработка со сите, а за зонирањето точно каде ќе се дозволи, а каде нема да се дозволи градење тоа се активности кои ќе се одредат во зоните. Ова ќе го презентираме кога ќе биде готово“, образложи Нуредини.

Во однос на шестовалентниот хром кој што истекнува од депонијата на Југохром, а претставува проблем за изворот Рашче, министерот посочи дека тоа е една жешка точка во нашата земја неколку години.

„Ние сме во тек со ситуацијата таму. Вистина е дека е ризик за нас како држава и ние сме во постојана соработка со претпријатието коешто го работи ова прашање врз основа на очекувањето. Чекаме нели законот да помине во Собранието и кога ќе помине тој закон ние сме обврзани да ги средиме сите тие жешки точки во нашата држава и да креираме план за рехабилитација на истите“, наведе Нуредини.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ