• Latest

Одбраната за случајот „Диво Насеље“ побара од Врховен суд укинување на пресудата и враќање на повторно судење

July 7, 2021

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Одбраната за случајот „Диво Насеље“ побара од Врховен суд укинување на пресудата и враќање на повторно судење

July 7, 2021 15:32
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради суштествени повреди на кривичната постапка пред првостепениот и второстепениот суд, погрешно утврдената фактичка состојба и повреда на кривичниот законик, одбраната на обвинетите за случајот „Диво Насеље“ денеска, на јавна седница пред Врховниот суд побара укинување на пресудата и случајот да се врати на повторно судење или таа да се преиначи во ослободителна.

Пред Врховниот суд за предметот пристигнале девет жалби, од кои јавна седница побарале седум лица. На денешната јавна седница присуствуваа четворица, додека тројца писмено го известиле судот дека не сакаат да присуствуваат.

Адвокатот Насер Рауфи, кој пред Врховниот суд зборуваше за двајца од обвинетите Амди Красниќи и Дем Шеху, укажа на повеќе суштествени повреди на кривичната постапка од Кривичниот и Апелациониот суд.

–  Не беше дозволено одбраната да поставува прашања на сведоци предложени од другите бранители. Не се прифати предлогот да се повикаат и сослушаат вештите лица кои ги изработиле вештачењата, со што беше повредена еднаквоста на оружјата, изјави Рауфи.

Рауфи, во изјава за медиумите пред Врховниот суд, појасни дека Али Ахемети го спомнал со цел да докаже дека Красниќи и Шеху воопшто не се организатори на овој немил кривично правен настан.

–  Јас упатив на разговорот на Алсат. Самиот во интервју господинот Али Ахмети кажа дека разговарал и доколку ни беше дозволено тој разговор да биде дел од доказите ќе се утврдеше дека Красниќи и Шеху воопшто не биле организатори на настанот. Сметам дека овие две казни доживотен затвор се неосновани, бидејќи се знае кој командувал со акцијата – тоа се починатите Бег Ризај и Мирсад Дрецај, изјави Рауфи.

Адвокатот Љупчо Веселиновски, бранител на Фадил Безулахи, рече дека неговиот клиент одбил да присуствува на денешната јавна седница, со зборовите „случајно влегов во циркус на првостепениот и второстепениот суд и не сакам повеќе да бидам дел од циркус“.

Веселиновски, пред Врховниот суд, рече дека групата била лоцирана и цело време се пратела уште од село Гошинце, дека полицијата знаела каде се и никој не преземал ништо, кога групата доаѓа во куќата на Фадил во Диво Насеље.

–  Нема докази дека Безулахи е терорист и сторил такво нешто. Барам укинување на оваа пресуда и враќање од почеток со отстранување на сите недостатоци од постапката, изјави Веселиновски.

Во изјава за медиумите, Веселиновски, посочи дека тие како одбрана прстот го впериле не само во МВР, туку во целиот безбедносен систем, бидејќи, како што рече „МВР знае, а дејствува во погрешен правец. Безбедносните сили се праќаат на погрешно место во село Отља, а групата се наоѓа во Диво Насеље“

–  И тогаш требаше некој да се свести и сега, дека ако има Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 2 мај 2015 година во спортската сала во Куманово, на два километри од Диво Насеље, е дискутабилно, односно создава индиции дека безбедносните сили требало и морало да знаат дека таа група е таму и да превенира, изјави Веселиновски.

Интересно е, посочи Веселиновски, што во медиумите се зборувало за пари кои биле дадени на раководителите на групата, како и дека некои тврделе дека имаат и докази.

– Еден Стојанче Ангелов овде во близина на една бомба тврдеше дека имал докази. И сега, заради тие позиции. Тој, сега е негде во власта, некој е претседател, а некој е директор на Државна безбедност. Сите тие работи, откако дојдоа во позиции на власт, се заќутеа. Колку пари се дадени во тоа време, за што се дадени и на кого се дадени и кој ги дал за да се организира оваа ситуација, изјави Веселиновски.

Бранителот Мефаиљ Арслани, образложувајќи ја жалбата пред Врховниот суд, рече дека имало суштествени повреди, како и погрешни и нецелосно утврдување на фактичката состојба.

–  Никој од овие дечки нема да каже дека не бил во Диво Насеље, но ако само меѓу нив ги бараме организаторите на овој настан, тоа е погрешно. Овие лица се изманипулирани, изјави Арслани.

Во престрелка во мај 2015 година во кумановската населба Диво Насеље, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и десет членови на вооружената група.

За настаните во „Диво насеље“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против осум лица помагачи на вооружената група од „Диво насеље“, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37.

Основниот кривичен суд во ноември 2017 ја објави првостепената пресуда, а Апелација ја потврди во јули 2019 година. Од 37 обвинети за „тероризам“ и „терористичка организација“, 33 лица беа осудени за делата (седум на доживотна казна затвор, а останатите 26 лица на казни затвор од 12 до 40 години), а за четири лица е донесена ослободителна пресуда.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ