• Latest

Принципите на инклузивност и диверзитет треба конзистентно да се применуваат во политиките

July 7, 2021
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Принципите на инклузивност и диверзитет треба конзистентно да се применуваат во политиките

July 7, 2021 19:31
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот денеска го одржа првиот состанок на кој беа презентирани постигнатите резултати и беа разгледани состојбите и предизвиците во спроведувањето на Националната стратегија за развој на концептот едно општество за сите и интеркултурализмот (2020-2022 година), се вели во соопштението од Влада.

На средбата на членовите на Оперативното тело беше усвоен Извештајот за реализирани активности од Националната стратегија за 2020 година и беше презентирана и електронската база на податоци на релевантни меѓународни документи насочени кон унапредување на меѓукултурниот дијалог и интеграцијата на општеството.

Заменик-претседателот на Оперативното тело, министерот за правда Бојан Маричиќ кој го водеше состанокот истакна дека ова Оперативно тело, како сложено меѓуресорско тело составено од 17 члена претставници на државни институции и експерти, е резултат на исклучително важен ангажман во рамки на Националната стратегијата едно општество, со цел да се постигне нешто добро и квалитетно за граѓаните. Во него членуваат првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби, кој е претседател на Оперативното тело, како и министерката за образование и наука Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерката за култура Ирена Стефоска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, како и Народниот правобранител Насер Зибери.

Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски истакна дека и покрај Ковид кризата во рамки на развојот на концептот едно општество има повеќе отпочнати и завршени работи.

Тој информираше дека Извештајот претставува преглед на спроведени активности по области и идентификувани предизвици.

„Ова е прв состанок на Оперативното тело како интерсекторско тело а во иднина ќе ги интензивираме средбите. Моја најголема радост е што сме сведоци на сѐ поголема свесност за вредностите на концептот „Едно општество“ во институциите кои веќе се чувствуваат обврзани да внимаваат на овие придобивки. Се обврзуваме да работиме и на видливоста на овие резултати што ги постигнавме“, подвлече Алаѓозовски.

Заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, истакна дека во контекст на концептот едно општество има голем исчекор по прашање на социјалната кохезија за што голем удел има и Оперативниот план за вработување во приватниот сектор којшто се темели врз принципот на инклузивност и диверзитет што подразбира поголем удел на помалку застапените групи и етничка застапеност при вработувањата, како и принципот на рамномерен регионален развој преку кој  се работи на мотивација и стимулација на инвеститорите во помалите региони.

„Принципите на инклузивност и диверзитет треба конзистентно да се применуваат во политиките“- подвлече Битиќи.

Членовите на Оперативното тело беа едногласни дека огромна е важноста од модификација и прилагодување на образовниот систем и стимулирање на принципот на изучување на јазиците на другите заедници што би требало да се стимулираа со стипендии како важен фактор во градењето на интеркултурализмот.  Беше подвлечена и важноста на родовата еднаквост при вработувањето, особено во помалите етнички заедници и што поголема вклученост на младите не само како советодавен туку и имплементирачки фактор во креирањето на политики. Членовите на оперативното тело исто така беа едногласни дека е потребна популаризација и соодветна промоција на оваа Стратегија која е уникатен документ и во европски рамки.

На состанокот едногласно беше усвоен Извештајот за преземени активности предвидени во Националната стратегија, при што беа истакнати реализираните клучни активности во  седум области – кластери кои имаат клучно значење за интеркултурализмот: правна рамка, образование, медиуми, култура, општествена кохезија, млади и локална самоуправа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ