• Latest

НБ: Монетарната политика и натаму е олабавена

July 14, 2021

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НБ: Монетарната политика и натаму е олабавена

July 14, 2021 11:31
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Народната банка (НБ) најавуваат дека и во следниот период внимателно ќе ги следат трендовите и потенцијалните ризици, заради, како што велат, соодветна реакција, доколку е потребно.

-На седницата беше оценето дека постојното ниво на основната каматна стапка е соодветно на тековните економски и финансиски услови, при што беше одлучено таа да остане иста, на нивото од 1,25 отсто, со што монетарната политика го задржа олабавениот карактер. Досегашното намалување на основната каматна стапка, како и позначителното намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. На седницата беше потврдено дека вкупната ликвидност ослободена преку основниот инструмент на Народната банка од почетокот на пандемијата е соодветна, при што се одлучи на аукцијата што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари, соопшти НБ.

Според последните расположливи макроекономски показатели за економската активност, се вели во соопштението, бруто домашниот производ во првиот квартал од 2021 година забележа реален пад од 1,9 отсто на годишна основа, во услови на трет бран на Ковид-19 и негово негативно влијание врз динамиката на економското закрепнување.

-Ваквата динамика на економската активност во првото тримесечје беше очекувана во рамки на априлскиот циклус проекции. Тековните расположливи високофреквентни податоци за периодот април – мај упатуваат на висок годишен раст на економската активност во вториот квартал, пред сѐ заради ниската споредбена основа, што е поврзано со строгите мерки воведени за спречување на ширењето на Ковид-19 во овој период од минатата година, а делумно и поради стабилизирањето на епидемиолошката состојба и започнатата имунизација во земјата. Имено, податоците за овој период покажуваат високи годишни стапки на раст кај индустриското производство, прометот во вкупната трговија и угостителството, прецизираат од НБ.

Во однос на инфлациските движења, посочуваат, просечниот годишен раст на потрошувачките цени во првото полугодие на 2021 година изнесува 2,4 отсто и е блиску до очекувањата од априлскиот циклус проекции на Народната банка. Во однос на очекуваните движења на увозните цени, последните ревизии се во нагорна насока. Притоа, и натаму е нагласена неизвесноста во однос на движењето на светските цени на примарните производи во следниот период, согласно со неизвесните економски ефекти поврзани со пандемијата и изгледите за справување со неа.

-Девизните резерви, на крајот на јуни 2021 година, се повисоки во однос на состојбата на крајот на првиот квартал, со што и натаму се на соодветното ниво и во сигурната зона. Во однос на расположливите податоци од надворешниот сектор за второто тримесечје од 2021 година, податоците за април и мај засега упатуваат на повисок трговски дефицит од очекуваниот за вториот квартал од годината. Последните податоци за менувачкото работење укажуваат на повисоки нето-приливи кај приватните трансфери од очекуваните за вториот квартал од 2021 година, потенцираат од НБ.

Во рамките на монетарниот сектор, нагласуваат, движењата и натаму покажуваат солидна годишна динамика на раст на депозитите и кредитите, а согласно со првичните податоци заклучно со јуни 2021 година, годишниот раст на депозитите е во согласност со очекувањата, додека растот кај кредитите е над проектираниот.

-Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидностa во банкарскиот систем се задржа на релативно солидно и стабилно ниво, a банките тргуваа со краткорочни денарски ликвидни средства на пазарите на пари повремено, при крајот на јуни. На девизниот пазар во јуни продолжи зголемувањето на нето-откупот на девизи од менувачниците, при што износот беше повисок во однос на истиот месец од минатата година, но и во однос на јуни 2019 година пред почетокот на здравствената криза. Нето-побарувачката на девизи на корпоративниот сектор и натаму е релативно стабилна и речиси во целост беше покриена преку девизните средства на банките. Девизниот пазар беше релативно поволен и во досегашниот тек на јули. Народната банка имаше незначителни интервенции со продажба, остварени на почетокот на јуни, потсетуваат од НБ.

Во јуни, како што посочуваат, на меѓународните финансиски пазари преовладуваа очекувањата за поддршка за економиите од страна на носителите на политиките и оптимизмот, поради намалениот број новозаразени лица од корона-вирусот.

-Заради одржување поволни финансиски услови подолг период, и покрај знаците за закрепнување на економиите и растот на инфлацијата за којшто беше оценето дека е од привремен карактер, најголемите централни банки продолжија со спроведувањето олабавена монетарна политика и ги задржаа обемните програми за олеснување на условите за финансирање на приватниот сектор. Во такви околности, приносите на најбезбедните државни обврзници во еврозоната и САД и натаму се на релативно ниски нивоа, велат од НБ. /МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ