• Latest

Давидовиќ за „Плацови на Водно“: Обвинението е буквално исконструирано по однос на мојот клиент Сашо Мијалков

July 16, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Давидовиќ за „Плацови на Водно“: Обвинението е буквално исконструирано по однос на мојот клиент Сашо Мијалков

July 16, 2021 13:52
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Прво, треба да прашате врз што се темели обвинението затоа што перење на пари е последица на едно друго кривично дело кое мора да му претходи, а Обвинителството ниту го утврдило, ниту го предлага, па зборувам за мојот клиент, за Сашо Мијалков, не може ни да ја докаже неговата умисла и знаењето дека некој друг незаконито зел пари од партија па му помогнал на тој начин што му предложил офшор компании, изјави денеска адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во врска со случајот „Плацови на Водно“.

Според Давидовиќ, онака како што напишано обвинението, воопшто не соодветствува на законското битие на кривичното дело „перење на пари“.

– Особено што и покрај правната логика нема ни човечка логика во обвинението, пак кажувам за мојот клиент, затоа што на еден министер за финансии, на премиер 10 години навистина не му е потребен никој кој ќе му обезбеди офшор компанија, а обвинителката сама во воведниот збор си скока во уста па вика веќе знаеле имало офшор компании каде што дел од капиталот го вложувал. Така што обвинението е буквално исконструирано по однос на мојот клиент, кажа тој.

Дополни дека ако Обвинителството си дозволило, и тоа, според него е начин на работење кое Обвинителството го има со години, да не ги обезбеди доказите на одбраната и да не ги даде и да ескивира, е нешто што законот го предвидува.

– Ние принципиелно кога веќе не сме ги слушнале сведоците и не сме имале можност да поставиме прашања треба да ги добиеме доказите кои се по меѓународна правна помош. Никој не знае што има во тие докази. Коректно е и ние согласно законот да бидеме запознати, посочи адвокатот.

Ние не сме должни да докажуваме невиност, заклучи Давидовиќ, но, како што изјави, во овој случај ќе докажуваат дека она што го тврди Обвинителството е според него, прво апсурдно, второ, нема ни законски елементи на битието на кривичното дело, ниту елементи на вина, а нема ни правна ни човечка логика.

Според адвокатот на Камчев, Еленко Миланов, пак, во конкретниот случај пред сè не може да оди оваа правна квалификација на овој начин и со ваков обвинителен акт затоа што, како што кажа, оној кој што според ова што денеска го кажа обвинителката ги пуштил како прв парите во промет не може да биде обвинет бидејќи според него не се исполнети законските претпоставки.

– Слушнавме во воведниот говор нови докази за наводни трансакции. Финансиски трансакции без економско вештачење какво што ниту е најавено, ниту направено од Обвинителството не може да има. Ќе докажеме дека ништо од ова не е со средства на тој начин и на кој било друг, туку дека сите средства коишто потекнуваат во овие купувања на удели се од деловно работење на ОРКА компанијата, изјави Миланов.

Притоа, кажа дека со она што го има на увид, до овој момент, смета дека нема апсолутно никаква вина и кажа дека во таа насока изготвиле и економско вештачење со кое што тоа го потврдуваат.  

Тој упати апел до сите институции во врска со здравствената состојба на неговиот клиент, за што, како што рече, доставиле обемна медицинска документација од четири институции. Додаде дека без малку сите кардиоваскуларни стручњаци во земјава укажале на многу висок ризик од условите во кои се наоѓа неговиот клиент, што, додаде може да има страшни последици по неговото здравје.

Според обвинението за овој случај, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“. Неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

Обвинителката Лиле Стефанова на денешниот воведен говор од првото рочиште од случајот истакна дека, според неа, обвинетите со умисла ги презеле сите дејствија на извршување кои се опишани во обвинителниот акт.

– За секое дејствие кое е наведено во актот, за секој факт кој го тврдиме ќе изведеме докази. Материјалните ќе ги презентирам јавно, вербалните ќе ги слушнеме сите, и, на крај, верувам дека без никакво сомнение ќе се утврди фактичката состојба, кажа Стефанова во воведниот говор.

Притоа, побара сите обвинети да бидат огласени за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и да биде конфискуван целиот имот кој е ставен во обвинителниот акт.

По воведниот говор на обвинителката, поради правило на еднаквост на оружјата, одбраната упати предлог да им се дозволи да разгледаат докази, кои, според нив, беа споменати во воведниот говор на обвинителката, а не им биле дадени на увид претходно, по што судот одлучи да ја одложи расправата за 19 јули.

Предметот го води судијата Илија Трпков, а обвинител во случајот е Лиле Стефанова.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ