• Latest

Протести во Битола, Ресен, Струмица и Кочани

May 6, 2016

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Протести во Битола, Ресен, Струмица и Кочани

May 6, 2016 15:02
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одбележувањето на 5-ти мај, денот кога пред една година, македонската јавност слушна како тогашниот премиер Никола Груевски, заедно со екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, нејзиниот помошник Иво Котевски, директорот на УБК Сашо Мијалков и нивните соработници се обидоа да го сокријат бруталното убиство на Мартин Нешковски, синоќа покрај во Скопје, се одржа и во повеќе градови низ Македонија.

13169938_10154190922857430_276708857_o
Битола, 5-ти мај 2016

Со една минута молк, во чест на Мартин Нешковски, започна вчерашниот протест во Битола. Исто така, со цел одбележување на смртта на Нешковски, пред присутните битолчани, прочитана била песната “Цветови”, од Славко Јаневски. Пред зградата на Општина Битола, според информациите од набљудувачите на ЦИВИЛ од овој град, испечатените банкноти од 360.000 евра, со ликот на градоначалникот Талески, кои претходно беа дел од герила акцијата, беа делени помеѓу демонстрантите кои скандираа “Врати ги парите!” На другата страна во градот, пред Офицерски дом, контра-деомнстрантите во организација на ГДОМ, побараа избори на 5-ти јуни.

247bfe46-b2be-49f6-bd9b-73f4ccc74d04
Ресен, 5-ти мај 2016

Протест се одржа и во Ресен, пред хотел “Китка” на главниот Плоштад во градот. Поворката со македонски и турски знамиња тргна од плоштадот и се упати кон Основниот суд, каде како што информира долгорочниот набљудувач на ЦИВИЛ од овој град, биле фрлани јајца, а демонстрантите скандирале: “Сакаме независно судство”, и “Затвор за криминалците”. После Oсновниот суд толпата се упатила кон општинската зграда каде беа пречекани од специјалните единици на полицијата. И кон зградата на Општина Ресен, биле фрлани јајца, а било скандирано “Oставка на претседателот Иванов” и “Повлекување на аболиција”. За денеска во Ресен се најавени нови протести под знамето на “Шарената револуција” и движењето Протестирам.

aed0fb6b-ce83-483f-aa28-950e5bdac5c8
Ресен, 5-ти мај 2016

Истовремено, пред спомен куќата на др. Христо Татарчев, во организација на ГДОМ, собрани биле, според информациите од терен, педесеттина контра-протестанти. Протестите завршиле мирно, без инциденти.

13125267_10209313543420873_949422748_n
Струмица, 5-ти мај 2016

“Во Струмица, повторно ‘Шарена револуција’. Но, тоа што овој пат беше различно е што пред граѓанките и граѓаните кои протестираа имаше поставено фикус, со име Хорхе кој го водеше протестот на струмичани”, стои во извештајот од Стурмица, Демонстрантите извикувале “Оставка, оставка“, „Нема правда, нема мир“…  Барањата и синоќа, исти, и веќе познати на сите. Протестот, според информациите од овој град, синоќа потсети и на режимската бруталност и обидот да се сокрие убиството на  Мартин Нешковски и против полициската бруталност употребена за време на минатогодишниот протест на 5-ти мај пред Владата во Скопје.

13140720_1300848196599165_1679828999_n
Кочани, 5-ти мај 2016

Синоќа во Кочани, се одржаа најмасовните протести до сега. Според информациите од долгорочниот набљудувач од овој град, протестите биле под силно полициско обезбедување, со цел да се избегнат евентуални судири, со контра-протестантите кои во организација на ГДОМ.

Протестот завршил со говорите на неколку кочанчани, мирно и без инциденти. Протест, во Кочани и во уште 18 градови во Македонија се најавени и за денеска.

Марија Теговска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МакедонијаПротести
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ