• Latest
Мила Царовска со Дени Жерновска, ученичка со атипичен развој (извор: ФБ страница на Мила Царовска)

Родители на деца со атипичен развој: Потребна ни е асистивна технологија, благодарност до МОН за образовните асистенти

July 23, 2021

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Родители на деца со атипичен развој: Потребна ни е асистивна технологија, благодарност до МОН за образовните асистенти

July 23, 2021 21:53
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Мила Царовска со Дени Жерновска, ученичка со атипичен развој (извор: ФБ страница на Мила Царовска)

Мила Царовска со Дени Жерновска, ученичка со атипичен развој (извор: ФБ страница на Мила Царовска)

Share on FacebookShare on Twitter

Преблагодарни сме за овој чекор што го прави Министерството за образование и наука (МОН), за вклучувањето на образовни асистенти во редовната настава. Со ова четири страни ќе имаат голем бенефит, ние родителите, децата, наставниците и самите асистенти. Ние родителите нема да имаме стрес кој го имаме секоја година во наоѓање на асистент, па затоа и ги охрабрувам сите што се пронаоѓаат во конкурсот кој е објавен пред некој ден, да се пријават и да учествуваат во процесот на инклузијата. Ова го изјави Ирена Жерновска, мајка на Дени, девојче со атипичен развој кое е вклучено во редовната настава веќе осум години.

– Ние секоја година сами баравме асистенти, кои приватно ги плаќавме. Сега ова ќе биде нивна редовна работа. Она што е потребно е да постои комуникација меѓу сите страни, да се слушаат потребите на сите страни, наши, на наставниците на асистентите, за да се најде решение како подобро да функционира целиот процес. Асистивна технологија исто така ни е потребна за што поквалитетно образование. Таа сигурност кај образовните асистенти дека се во редовен однос треба да трае постојано, а не секоја година да се привикнуваме на различни асистенти – изјави Жерновска.

Дени кажа дека многу ѝ е убаво на училиште и дека имала среќа да има многу добри наставнички кои ја разбираат.

– Посакувам на асистентот кој ќе работи со мене, да ужива во моите активности – рече девојчето.

Директорката на „Иднина“, основното училиште со ресурсен центар кажа дека посебните училишта се трансформираат во ресурсни центри, па покрај воспитно образовниот процес, ќе даваат и образовна асистенција.

– Платата на асистентот ќе му биде 24.000 денари, со тоа што овие средства ќе бидат обезбедени преку МОН. На конкурсот може да се пријават психолози, социјални едукатори, наставници во одделенска настава, наставници во предметна настава. Ќе имаат и обука. Тие ќе бидат поддршка и на наставникот и на ученикот – рече директорката.

Министерката Мила Царовска изјави дека со тоа што учениците со атипичен развој ќе имаат образовни асистенти, ќе го подобри квалитетот на образованието.

– Инклузијата е битна зашто децата учат да живеат заеднички, да ги прифаќаат различностите. МОН преку буџетот обезбеди 59 милиони денари за вработување на 500 образовни во петте ресурсни центри кои ќе ги опслужуваат сите оние кои имаат потреба низ државата. За прв пат од септември ќе се пилотираат и асистенти од средните училишта. Ресурсните центри ќе треба да вработуваат асистенти и за средните училишта – најави министерката.

Извор: МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ