Околу 20-30 луѓе, нешто над уставниот минимум за оствaрување на правото на јавен протест, учествуваа на денешниот протестен марш, во организација на АМАНЕТ 1903 – Скопје под мотото „Заев – ти си предавник“.
Скромниот протест поминал мирно, иако со беше најавуван помпезно, со оркестрирано ширење на пораки со навреди и омраза на социјалните мрежи.
Протестот започна околу 19 часот пред Министерство за надворешни работи, за потоа да се движи по улиците Филип II Македонски, 11 Октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, по булеварот ВМРО и Илинден, до најавеното завршување во 20.30 часот пред Владата на Република Северна Македонија. Овие улици за време на протестниот марш беа затворени за сообраќај, а за посебниот сообраќаен режим јавноста беше известена претходно и од МВР.
Ви пренесуваме дел од атмосферата на овој протест, низ фотографиите на Кирил Михаилов.
Цивил мониторинг ТИМ