• Latest

Влада: Силно спротивставување на корупцијата, за разлика од претходната Влада, сериозно постапуваме по меѓународните извештаи

July 24, 2021
Фото: Скриншот од ФБ на Орце Ѓорѓиевски

„ЕXIT“ не доаѓа во Скопје – предизборна манипулација на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје

September 9, 2025

МВР најави информирање за нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври

September 9, 2025

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ Медиа: Политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда

September 9, 2025

Само „Левица“ не ја потпиша декларацијата за фер, слободни и демократски избори

September 9, 2025
Одбележување на годишнина од Битката на Кајмакчалан
Извор: Слубена ФБ страница на српската министерка за труд и социјала Милица Ѓурѓевиќ

Идентитетот во селективен процес на умирање: „Српски свет“ со официјален печат на македонската власт

September 9, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој е виновен за состојбата на „Вардариште“?

September 9, 2025

Тивкото освојување на Северна Македонија: анализа на Џабир Дерала на англиски јазик

September 9, 2025
Фото: Фејсбук на Ивица Томовски

Сите службени возила добиваат црвени таблички и задолжително брендирање пред изборите

September 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Украинскa бегалка избодена до смрт во Северна Каролина, осомничениот уапсен и обвинет за убиство, Трамп го нарече нападот „ужасен“

September 9, 2025

„Сите за Палестина“ на протест пред МНР: Стоп за македонскиот молк за геноцидот во Газа

September 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Влада: Силно спротивставување на корупцијата, за разлика од претходната Влада, сериозно постапуваме по меѓународните извештаи

July 24, 2021 19:25
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Северна Македонија со исклучително внимание ги разгледува сите наоди и аспекти од извештајот на Стејт департментот на САД,  после што забелешките ќе бидат адресирани до засегнатите чинители со цел уште повеќе да се зајакнат антикорупциските политики и да се подобри инвестициската клима во земјава, се вели во соопштението на Владата по последниот извештај  на американскиот Стејт Департмент, кој нотира проблеми со корупцијата во земјава во сферата на бизнисот.
„Владата е одлучна и сериозно посветена на решавање на наталожените и децениски проблеми, а справувањето со високата корупција и организиран криминал е на врвот на приоритетните национални реформи кои веќе испорачуваат резултати. Прочистувањето на правосудството, постојаното зголемување на транспарентноста на институциите, новата стратегија за конфискација на имот, дигитализацијата на институциите со која се отстранува човечкиот фактор при носењето одлуки и унапредувањето на системот за јавни набавки се неповратни процеси кои претставуваат препрека и закана за секој поранешен, актуелен и иден функционер кога е во прашање корупцијата“ се истакнува во соопштението.

Дека ваквите процеси даваат веќе видливи резултати, според Владата говорат и расчистените судски процеси низ кои повеќе високи политичари се осудени за сериозни кривични дела, а десетици се во напредни судски постапки и се очекува конечен исход од страна на судовите. Правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот несомнено постапуваат неселективно, без разлика за кој функционер станува збор, смета Владата на Северна Македонија

„Меѓународните и домашните извештаи со сите нотирани податоци, се дополнителен мотив за Владата да продолжи со континуираната и неселективна борба против корупцијата, за обезбедување систем во кој институциите се во служба исклучиво на граѓаните. Со сите преземени мерки и предвидени иницијативи, Владата на Северна Македонија упатува сериозна порака до сите носители на јавни функции, државни службеници и граѓани дека учеството во коруптивни активности не се исплати и сериозно ќе биде казнето“, се вели во денешното соопштение од Владата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: АА/Фејсбук

    (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Зависна независност

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ