Претседателот Пендаровски се огласи вечерва со порака на социјалните мрежи од неговото интервју за Трилинг, во која повикува да се надминат поделбите.
„Да ги надминеме поделбите и разликите. На Илинден, во Крушево, ги поканив лидерите на сите парламентарни политички партии. Заедно, да се сплотиме околу илинденските и асномските идеали и достоинствено да го чествуваме Денот на Републиката“, пишува Пендаровски на Твитер и на неговата официјална ФБ страница.
Претседателот на Северна Македонија денес имаше и брифинг со новинарите, на кој меѓу другото најави дека нема да ги потпише измените на Изборниот законик во оваа форма, а информираше и дека го потпишал новиот Закон за државјанство.