• Latest

Нови пет милиони евра од ЕБОР за подобрување на енергетската ефикасност во домовите

August 3, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нови пет милиони евра од ЕБОР за подобрување на енергетската ефикасност во домовите

August 3, 2021 12:09
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС
Share on FacebookShare on Twitter

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку Шпаркасе банка Македонија АД Скопје обезбеди нов финансиски пакет од пет милиони евра за подобрување на енергетската ефикасност во домовите во рамки на Фондот за Западен Балкан за финансирање на зелена економија (ГЕФФ II).

Средствата од заемот ќе бидат достапни за инвестиции во зелени технологии со високи перформанси, материјали и решенија во куќи и станбени згради во приватна сопственост. По успешното завршување на проектите, заемопримачите ќе имаат право на поврат на средства до 20 проценти, финансирани од Европската Унија.

Дополнително, ЕБОР обезбеди 20 милиони евра нефинансиран фонд за поделба на ризик на Шпаркасе банка, преку кој ќе гарантира до 50 проценти од постојната и новата корпоративна изложеност на заемодавателот, со што ќе се намалат пондерирањето на ризикот и барањата за капитал на тие заеми. Околу два милиони евра од пакетот ГЕФФ II се доделени на Охридска банка, која се спои со Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.

-Со нетрпение очекуваме да работиме со Шпаркасе банка, која е докажан партнер на ЕБОР, со одличен учинок. Ќе продолжиме да ги поддржуваме инвестициите што придонесуваат за зелената транзиција. Со потпишувањето на овој пакет очекуваме да им дадеме дополнителен поттик на бизнисите во земјата преку обезбедување подобар пристап до финансии, помагајќи им да се опорават од пандемијата и да ја подобрат нивната конкурентност, рече Анди Аранитаси, раководител на канцеларијата на ЕБОР во Скопје.

Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ во Скопје порача дека со зголемувањето на енергетската ефикасност на зградите може значително да придонесеме за климатските цели, како и да им се помогнеме на домаќинствата и деловните субјекти да ги намалат трошоците.

-ГЕФФ обезбедува финансиска поддршка за такви инвестиции, како и за зголемена употреба на обновлива енергија. Тоа е дел од пошироката поддршка на ЕУ за спроведување на целите за климатските промени во Западен Балкан и закрепнување по економскиот пад предизвикан од пандемијата „Ковид -19“, рече Гир.

Генералниот директор на Шпаркасе банка Македонија, Глигор Бишев посочи дека ги препознаваат предностите и придобивките од финансирањето проекти за подобрување на енергетската ефикасност кои, посочи, генерираат заштеда на енергија на локалниот пазар.

-Зелените заеми за промоција на енергетска ефикасност комбинираат придобивки за домаќинствата, добавувачите на енергетски ефикасни технологии и заштита на животната средина, што е во фокусот на нашата стратегија за корпоративна општествена одговорност, рече Бишев.

Програмата ГЕФФ за подобрување на енергетската ефикасност се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Нуди финансии за инвестиции во зелената економија во станбениот сектор, како и за бизниси кои обезбедуваат енергетска ефикасност и производи и услуги за обнова на енергијата за домаќинствата. Неодамна беше зголемена на 135 милиони евра како одговор на зголемената побарувачка. ГЕФФ се спроведува во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан, кофинансирана со грантови средства од Европската Унија, Инвестициската рамка за Западен Балкан и Австриското федерално министерство за финансии.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ