• Latest

Пет хеликоптери за гаснење на пожарот во Пехчевско, во делчевско Пасјак повторно гори, за среќа без жртви

August 4, 2021
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пет хеликоптери за гаснење на пожарот во Пехчевско, во делчевско Пасјак повторно гори, за среќа без жртви

August 4, 2021 19:38
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон пехчевскиот регион и заедно ќе го гаснат големот пожар што се заканува на околните села, изјави попладнево в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Во Делчевско повторно се разгоре пожарот кај Пасјак – с.Нов Истевник, нема жртви, но потребна е секаква помош, информира градоначалникот Трајковски.

В.д директорот на ЦУК, Ангелов, информираше дека 5 хеликоптери се на пат кон пехчевскиот регион. Воедно, тој апелира на смиреност и запазување на мерките за безбедност.

„Без паника! Безбедноста на луѓето на прво место! Доколку некој е загрозен од пожарот веднаш нека се оддалечи на безбедно. Нови куќи се прават, нови дрвја ќе пораснат, изгубените животи на луѓето нема да се вратат! Затоа апелираме за запазување на мерките за безбедност. Безбедноста на луѓето на прво место!“, се вели во писмената изјава на Ангелов.

Претходно, во Пехчево заседаваше Кризниот штаб и утврди насоки на делување за справување со пожарот. Градоначалникот  Драган Тренчовски изјави дека Пехчево се преземени мерки и побарана е помош за справување со пожарот.

„Лоша е стуацијата со пожарот, бидејќи се префрли и дојде во  делот над селата Робово и Умлена. Пожарот е  високо на шумските предели над селата, но се шири на голема површина. На терен се екипи на ТППЕ од Берово и Пехчево, како и од Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС, а имаме насоки дека ќе добиеме поддршка од воздух, односно треба да пристигнат два хеликоптера. Исто така, имаме насоки дека ќе добиеме помош од соседна Бугарија од каде е испратена екипа со 25 луѓе“, информираше Тренчовски.

Во делчевскиот крај, пак, попладнево повторно се разгоре пожарот во маалото Пасјак во селото Нов Истевник. Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски брифираше дека со единиците на Армијата, Територијалната противпожарна единица, Македонски шуми и други лица веќе трет ден се борат со огнената стихија, која, како што оцени, е крајно сериозна, загрижувачка и веќе направи голема штета во однос на шумскиот фонд.

„За среќа немаме жртви и тоа ни беше приоритет за да ги евакуираме сите изнемоштени лица кои се наоѓаат во ова село. Ова село е од рурален тип, така што за среќа немаме жртви. Максимални сили вложуваат сите единици, сите луѓе овде коишто се и доброволци од месното население и од градот Делчево и од други институции за да ги заштитиме материјалните добра на жителите од ова село“, брифираше Трајковски.

Вкупната бројка на луѓе кои се на терен и со кои тој координира е повеќе од 250. Во утринските часови помогнале и хеликоптерски единици од Армијата, а најавена е помош од Бугарија.

„Во утринските часови имавме помош од воздух со хеликоптер на нашата Армија којшто го гасеше пожарот и очекуваме сега за некои 20-30 минути да стигнат уште два хеликоптери да пружат помош, односно оваа огнена стихија на некој начин да ја ставиме под контрола. Имаме помош од Општина Берово со противпожарни единици, стигнуваат шест противпожарни возила од соседна Република Бугарија, има помош од градоначалникот на Штип Сашко Николов со противпожарни возила“, објасни Трајковски.

Тој укажа дека пожарот не е на едно место, односно дека има пожари на повеќе од 50-ина места во оваа месност и дека е потребна секаква помош, и во однос на цистерни и во однос на човечки ресурси. Трјковски изрази уверување дека хеликоптерите ќе завршат поголема работа бидејќи, како што појасни, висока е шумата и ќе може на некој начин оваа огнена стихија со катастрофални размери да се стави под контрола. / МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ