• Latest
КПУ Идризово (фото: МИА)

СЕ: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман кон затворениците

May 15, 2024

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

СЕ: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман кон затворениците

May 15, 2024 20:44
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
КПУ Идризово (фото: МИА)

КПУ Идризово (фото: МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Во казнено-поправните установи во Северна Македонија се направени подобрувања во однос на хигиената и состојбата во ќелиите, но и натаму е непроменет третманот кон лицата лишени од слобода од страна на полицијата и присутна е корупцијата меѓу затворскиот персонал, се посочува во најновиот Извештај на Европскиот комитет за спречување на тортура и нехумано или понижувачко постапување или казнување (КПТ) при Советот на Европа.

Извештајот е подготвен врз основа на согледувањата на тим на Комитетот за време на периодичната посета на земјава во октомври минатата година, а споредбите се направени во однос на претходниот престој во 2019 година.

Како што се посочува во документот, посетата била фокусирана на полицискиот третман, вклучително и на поплаки за наводно полициско малтретирање, и на условите во притворските оддели во четири затворски установи и во Воспитно-поправниот дом во Тетово, како и на третманот и условите за живот на пациентите во две психијатриски болници и на жителите на дом за лица со посебни потреби.

Во извештајот Комитетот заклучува дека во земјава нема подобрување во третманот на лицата лишени од слобода од страна на полицијата споредено со неговата посета во 2019 година.

– КПТ доби многу наводи за полициско малтретирање времето на апсење или испрашување во канцеларија на полицискиот инспектор. Ги повикуваме властите конечно да донесат кохерентна стратегија за борба против оваа појава, се наведува во извештајот.

Комитетот оценува и дека неодамна формираното трипартитно тело за полициска одговорност, односно Механизмот за надворешен надзор над полицијата, треба да биде поддржан со усвојување на методологија за спроведување ефективни истраги за наводите за малтретирање и тортура врз основа на неговите конкретни препораки.

Во однос на долгогодишната загриженост на Комитетот во однос на состојбата во затворите, во Извештајот се посочува дека се направени подобрувања во затворите во Скопје, Штип и Прилеп, особено во однос на „обезбедувањето минимално ниво на хигиена и состојбата во ќелиите“.

КПТ посочува дека состојбата во затворот во Идризово „останува алармантна“ со физичко малтретирање на затворениците од страна на затворскиот персонал и продолжена изолација на проблематичните затвореници, насилството меѓу затворениците и нехигиенските и небезбедни услови.

Според Комитетот, овие проблеми се дополнително изразени во делот од установата од затворен тип, каде има голема пренатрупаност на затвореници. Условите, како што се наведува во извештајот, се влошуваат и поради широко распространетата корупција и фаворизирање на одредени затвореници од страна на персоналот со што се поткопува правилното функционирање на установата.

Во документот се забележува дека продолжува несоодветната примена на одредбите за здравствена заштита во затворите, поради недоволен персонал и несоодветен медицински преглед на новопристигнатите затвореници и третман на затворениците со проблеми поради употреба на наркотици и се препорачува Министерството за здравство да покаже „поголемо лидерство во справувањето со овие недостатоци“.

– Стратешката реформа на затворскиот систем треба да се фокусира на искоренување на корупцијата меѓу персоналот и професионализација на раководството на затворите, преку транспарентни и деполитизирани назначувања врз основа на заслуги, како и преку обезбедување на нивна хиерархиска подреденост на затворската администрација, препорачува Комитетот.

Во врска со Воспитно-поправниот дом во Тетово, Комитетот утврди дека малолетните престапници се сместени во задоволителни услови и им се нуди наменски режим на активности насочени кон нивна реинтеграција во заедницата од страна на група посветени професионалци.

Извор: МИА

 

Tags: КорупцијаСовет на Европасостојба во затворите
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ