• Latest
Војо Маневски

Да се забрани со закон!

August 6, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Да се забрани со закон!

August 6, 2021 18:34
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Вчерашниот ден ми изгледаше како насловот на македонскиот филм со патриотска содржина „Македонскиот дел од пеколот“. Високите температури преку ден ме втераа во закрилата на климатизерот, а неговото вештачко прилагодување на температурата, постојано ме потсетува на неприродноста и на внатрешноста и на надворешноста.

Ваквите горештини не се природни, a и како може да се природни кога ја уништуваат природата? Можеби природата ги преземала човечките карактеристики на самоуништување! Мојот орев што го проценувам како семејно наследство од надматеријална природа, затоа што ладовина под него бараат веќе четири генерации, се мачи да ја одржи температурата под себе, додека се изложува на неприродните зраци, жртвувајќи ги своите листови како семеен закрилник.

Камбаните на црквата повикуваат на вечерна молитва, ама се сомневам дека освен дежурниот парох, некој друг верник ќе се појави на молитвата. А и кому да му ги испраќаме молитвите, кога последните неколку дена имаме чувство дека и севишниот нѐ напуштил, вознемирен од нашата нечовечност. Како да нѐ казнува, велејќи ни „јас ве створив, а вие сакате да си терате по ваше и не ги почитувате моите упатства за употреба, е сега снајдете се сами“.

Само што се обидував да го погледнам светот меѓу клепките, некаков чуден мирис ми се вовлекуваше во ноздрите. Испотен, нервозен и расположен како дежурен „хејтер“ на социјалните мрежи, излегувам на ритчето зад куќата и се стаписувам од глетката. Небото во далечината кон Свети Николе, осветлено од огромен оган, што се издигаше над Богословец.

Како најава за апокалипсата е глетката што ме обзеде. На високите пламени како да јаваше четворката што го донесува крајот на светот. Боже, Боже, ај што ги гориш ридовите наречени со приземни имиња, ама си го запалил и највисокиот рид што по тебе и твоето слово сме го нарекле. Некаде конекцијата меѓу нас е прекината и страшно сме те налутиле, штом толку си и кон себе безмилосен.

Како да помогне обично пискарало освен да запише некои од своите мисли? Си мислам, нека останат за автобиографија на другите со кои го одробувам земскиот живот.

Природата нѐ казнува поради лошо поведение кон неа, Бог не ни се смилува поради тоа што милоста не ја заслужуваме. Кому ли да му се обратиме?

Нема на кој друг туку на највисоката власт во државата, Собранието во кое седат избраните од граѓаните. И ете вака напишав…

Почитувани пратеници…

Не сум сигурен дека мојов предлог е според деловникот на највисокиот дом во државата, ама се надевам дека ќе ми биде простено незнаењето. Да знаев ќе бев пратеник, нели?

Донесувате закони со кои ни го регулирате поведението во разни делови од нашето постоење. Се разбира, тоа го правите со добра намера да ни биде животот посреден и подобар, според вашето објаснување. За некои закони не можете да се согласите во степенот на подобрувањето на нашиот живот, па барате помош од пријателите и им ставате европски знаменца. А штом нивната важност е така рангирана, нема несогласување. Има да се изгласа и готово, европска вредност е тоа и нема место за нашите балкански надитрувања.

Е, кога така им се дава ваква важност на законите, искористете го тоа право и донесете закон за укинување на летото. Да, да и на летото и на зимата и тоа со еден закон. Ако не ви е доволно европското знаменце вие додајте му и едно светско и тогаш нема проблем, ни со кворум, ни со мнозинство.

За спроведување не се секирајте многу. Што и да сме донеле како закон или договор под таков „стег“ ние го извршуваме. Додуша паламудиме на социјални мрежи, ама извршуваме.

Да ја објаснам иницијативата за таков закон. Летото и зимата се бескомпромисни. Гори летото колку сака и ништо не го запира. Зимата стега од студ, исто колку сака и не прашува како ќе преживееме без огрев и со скапа струја. Нема компромис кај овие две годишни времиња. И според листата на европски вредности таквото поведение е авторитарно и наследство од тоталитарните системи.

Погледнете ја пролетта или есента. Еден ден сонце, па ред ветер, па ред дожд и за сите има простор во текот на една недела, а камоли во целото годишно време. Се респектира различноста, туѓите слободи и права и место за постоење. А со летото и зимата нема консензуалност. Си тераат по свое, па ти Македонче снајди се како што знаеш и умееш.

Се разбира, како и секој закон и овој ќе важи само во рамките на независната ни држава и нејзината јурисдикција. Ако треба да се оди на одмор на лето има братски држави околу нас со задоволство ќе не примат. А и Охридското Езеро нема да го оградуваме со хотели и плажи со ѕитчиња од 50 сантиметри (се сеќавате на еден таков предлог, нели?). УНЕСКО ќе нѐ пофали и нема да ни го одземе статусот на заштитено подрачје. Ќе биде заштитено пред сѐ од нас.

На планините исто, во зима ќе можеме кај соседите добродушни да одиме како и досега. Нашите планини, после огнената стихија што ги погоди ова лето, долго ќе треба да се опоравуваат, па затоа треба да си забраниме да им сметаме во тој болен процес.

И така почитувани пратеници ако се донесе овој закон со поддршката што ја советувам, ќе имаме општонародна корист. Нема да имаме лето, значи нема да имаме пожари по планините, па камионите од минатиот век ќе може да ги користиме за разнесување на садници во половината година што ќе биде пролет, а во другата половина што ќе биде есен ќе ги превезуваме плодовите од природата. Нема да има поплави зошто нема да има големи снегови, а нема да има снегови, зошто нема да има зима.

Едноставно, нели! А сѐ ќе изгледа идилично со црвени ФАП камиони со отворени приколици, преостанати од противпожарните служби. А за „хејтерите“ не се секирам, за омраза на социјалните мрежи ќе најдат причина секако, а и не зависат од законите на пристојноста.

Знам дека моите предлози ви изгледаат невозможни или според деловникот на Собранието, неспроведливи. Ммм… топло ми е и нервозен сум, па се плашам да не го направам списокот на неспроведливи и лоши закони, што ги донесе Собранието, долг како списокот на желби на средовечните госпоѓи, а и уредникот ќе има проблем со просторот во Цивил Медиа.

Ја повикувам јавноста и политичките партии на дебата за подобар законски предлог на овој ургентен закон со светско знаменце. Ама прво одморете се почитувани пратеници напорна ви беше оваа Ковид година, а и избори ве чекаат. Нашите предлози и онака ќе почекаат подобри времиња ако некогаш и дојдат.

 


Текстот е личен став на Авторот.
Creative Commons 4.0

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ