На социјалните мрежи продолжува дезинформативната кампања за вакцините против КОВИД–19. Иако медицинските експерти постојано тврдат дека вакцините немаат магнетизирачки ефект и не содржат магнетизирачки состојки, на интернет продолжуваат да кружат видеа во кои се тврди дека во вакцината има метал што се вбризгува во човековото тело. Овие беа демантирани и од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC).
Содржината што се рецензира е пост на Фејсбук, објавен на 1 август 2021 година и за само неколку дена истиот е прегледан над 55 илјади пати, има над 250 коментари и реакции, пишува Порталб.
Постот се состои од видео кое трае 33 секунди и во кое се слушаат гласови на двајца мажи кои зборуваат на руски јазик, а истовремено едниот од нив со парче „метал“ поминува по горниот дел од раката на својот соговорник. Во продолжение на постот е напишано:
„СубханАлах. Алах да не чува. Како може да биде вистина ова со вакцините?…”
Овој пост со вознемирувачка содржина е споделен од страната Слушај Куран-Албански, која има над 52 илјади следбеници на Фејсбук.
Но, постот не нуди никакви докази за вистинитоста на тврдењето дека феноменот прикажан на видеото е предизвикан од вакцината. До денес нема никакви научни докази дека вакцините имаат магнетизирачки ефект. Рецензираниот пост е една лична идеја која не се базира на научни докази и факти, туку на конспиративни теории, кои целиот овој период на глобална пандемија беа доста присутни на социјалните мрежи.
Целата рецензија прочитајте ја тука.
Извор: Порталб, Вистиномер