• Latest
Првиот вицепремиер Груби на трибина во Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, 03.08.2021

Груби: 20 години по Охридскиот договор, културната разновидност – вредност а не конфликт

August 7, 2021

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Груби: 20 години по Охридскиот договор, културната разновидност – вредност а не конфликт

August 7, 2021 19:37
in ВЕСТИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ОПШТЕСТВО
Првиот вицепремиер Груби на трибина во Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, 03.08.2021

Првиот вицепремиер Груби на трибина во Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, 03.08.2021

Share on FacebookShare on Twitter

Различноста има две крајности и можности, првата може да биде извор на конфликт, а втората извор на кохезија, истакна денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, на панел дискусијата на тема „Културата 20 години по Охридскиот договор”, во рамките на одбележувањето на 20 – годишнината од Охридскиот договор.

Тој воедно потсети дека разновидноста, без разлика дали е културна, етничка или верска, може да биде извор на конфликт помеѓу групите од интерес или припадност, без разлика дали се Македонци или Албанци, муслимани и христијани или друга вероисповед, без разлика дали се со политичките партии

Според вицемпремиерот Груби, токму тоа го направи Охридскиот договор со трансформирање од извор на конфликт во извор на социјална кохезија преку обезбедување еднаквост меѓу заедниците, еднаквост на сите граѓани пред законот, но и во обврските пред државата.

Како што пренесуваат од кабинетот на вицепремиерот, на дискусијата тој истанал дека се преземаат бројни активности во текот на овие денови за одбележување на 20 – годишнината од Охридскиот договор, допирајќи ги сите важни аспекти опфатени со овој Мировен договор со кој заврши конфликтот во
2001 година, за да отвори различни хоризонти за сите заедници во оваа земја, но и за земјата како резултат на спроведувањето на Охридскиот договор.

„Сега, кога пристапуваме до сите архиви, гледаме дека евроатлантската перспектива на земјата е загарантирана токму со спроведувањето на Охридскиот договор и добивањето статус на земја-кандидат за членство во ЕУ на нашата земја е директен резултат на спроведувањето на Охридскиот договор, во декември 2005 година“, истакнал Груби.

Според него, тоа можеме да се види во културата, бидејќи, како што вели, таа е еден од клучните столбови на Охридскиот договор, вклучувајќи ја и децентрализацијата и користењето на симболи и јазик, како и правична и соодветна застапеност во институциите на земјата.

„Денес, за разлика од пред 20 години и 10 години пред тоа од 1991 до 2001 година, гледаме многу институции што беа формирани како резултат на Охридскиот договор, вклучувајќи ги Тетовскиот, Гостиварскиот, Кумановскиот театар, вклучително и Театарот за деца и млади во Старата скопска чаршија и Албанскиот театар, познат и како Театар на народностите, но и многу други институции од областа на културата кои се директен резултат на Охридскиот договор, како што е Институтот за културно наследство во Скопје“, истакна вицепремиерот Груби на дискусијата, додавајќи дека спроведувањето на Охридскиот договор не застана тука, туку продолжи да промовира кадар кој ќе може да ги води овие институции и ќе демонстрира културна кохезија на заедниците. / МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ